ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Позитивните примери од Хрватска несомнено ќе придонесат во унапредување на системот за социјална и детска заштита

December 23, 2022 10:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на тркалезната маса: „Заедно во заштита на менталното здравје на децата и младите“ во Загреб, Република Хрватска, известуваат од Министерството за труд и социјална политика.

На почетокот од своето обраќање Тренчевска се заблагодари за можноста да присуствува на тркалезната маса и топлото добредојде од соработниците. Таа истакна дека темата која што ќе се дискутира е од особена важност за Министерството за труд и социјална политика и посочи дека создавањето средина во која секое дете ќе ги има потребните услови за раст и развој како и воспоставување социјални услуги за поддршка на семејствата и децата е клучна заложба на Република Северна Македонија.

„Владата на Република Северна Македонија е посветена на градење на сеопфатен пристап за заштита и превенција на децата од насилство. Поради тоа, формирано е Национално координативно тело за превенција и заштита на децата од злоупотреба и запоставување, со кое претседава министерот за труд и социјална политика. Ова тело ја создаде Националната стратегија за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025) и Акциониот план (2020-2022)“ рече Тренчевска.

Таа ги истакна нејзините лични заложби и заложбите на државата за заштитата на децата и спречувањето на пренесување на трансгенерациско насилство и сиромаштија. Таа посочи дека тоа е насоката по која ќе се работи во наредниот период.

„Министерството за труд и социјална политика е клучно и за децата на улица, кои се социјално загрозени, запоставени и запоставени. Затоа годинава го промовиравме „Протоколот за работа со деца на улица“ во кој покрај директната заштита на децата, за првпат се предвидува и работа со нивните родители, за зајакнување на нивните капацитети“ изјави Тренчевска.

На крајот од своето обраќање министерката рече дека досегашните имплементирани услуги кои се имаат покажано како успешни во системот на Хрватска ќе бидат клучни за Република Северна Македонија во развојот на нови услуги во системот на социјална заштита.

 

Tags: социјална политикаТренчевска
Next Post

МЗШВ: Голема акција за пошумување – засадени 40.000 садници!

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk