ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Преку јавни расправи и вклученост на сите страни, заедно креираме нов современ закон за работни односи

December 26, 2022 15:43
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Клуб на пратеници денеска се одржа првата јавна расправа за новиот Предлог закон за работни односи, со што воедно започна серијата јавни расправи кои ќе се одржуваат во повеќе градови во државата во текот на месец јануари и февруари, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму известуваат дека социјалните партнери денеска дискутирале за досегашните предлози дадени изминатиов период, во кој сите страни имале можност да дадат предлог или коментар со цел креирање на квалитетно законско решение.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во своето воведно обраќање ја истакнала потребата од изготвувањето на нов текст на законот, кој би содржел јасни и прецизни одредби, со кои би се надминал проблемот на различни толкувања при нивната примена.

-Од самиот почеток одлуката беше процесот да биде целосно инклузивен и да ги вклучува сите оние кои можат да дадат придонес во обликувањето на законот и неговата содржина и особено сме горди што ваквиот начин на подготовка на законот значеше издигање на трипартитниот дијалог, односно социјалниот дијалог на национално ниво, на многу висока позиција. Покажавме дека сакаме да го слушнеме гласот и на работниците, но и на бизнис заедницата, и аргументираните и издржани, решенија, да ги вклопиме во законот, истакна Тренчевска, пренесуваат од МТСП.

Во процесот биле вклучени и граѓанските организации, претставниците на судовите и на академската заедница, односно сите за коишто Министеството за труд и социјална политика сметало дека со нивните конструктивни предлози ќе му додадат вредност на законот.

Тренчевска потенцирала дека, Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, кој воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни, работниците – работодавците и создава правна сигурност кај работниците од една страна и продуктивни работници за работодавците од друга страна.

-Последниве години, во нашата земја, сме сведоци на промените на пазарот на трудот,кога имаме дефицит на работна сила и кога се бара работник повеќе, особено добар работник. Неминовно, пазарот на трудот прави и саморегулација на овие односи. Во текот на процесот на подготовка, слушнавме дека дури и работодавците сметаат дека работниците не се повеќе послабата страна. И ова е можеби добро, бидејќи ја менува перцепцијата за односот работник – работодавач во насока на тоа и двете страни да сфатат дека едни без други не можат, дека си се потребни и дека треба да се почитуваат и да се грижат едни за други и да го негуваат договорниот однос и правата и обврските кои произлегуваат од него, вели Тренчевска.

На денешната јавна расправа се дискутирало за дел од новитетите кои ги носи новиот закон за работни односи, како што е времетраењето на договорите на определено време и нови форми на договори, регулирање на отсуството заради раѓање и мајчинство, вклучување на отсуство на таткото по раѓање на детето, годишните одмори, отказните рокови, а се прави и јасна дистинкција и во делот на прекршоците.

Министерката изразила убедување дека преку заедничка работа и вклученост на сите страни, се дојде до нацрт верзија на законско решение, која претставува еден современ закон, кој ги содржи сите меѓународно прифатени трудови стандарди, од конвенциите на Меѓународната организација на трудот до директивите на ЕУ, закон кој ја следи динамиката на пазарот на трудот и ги отсликува реалните состојби на работните односи во Република Северна Македонија. Закон, кој ќе промовира флексибилност, кој ќе придонесе за задржување на постоечките и креирање на нови работни места.

Од МТСП известуваат дека по завршувањето на серијата јавни расправи, Законот ќе биде поставен на ЕНЕР, каде што повторно ќе може да бидат дадени предлози и коментари. А потоа, за законот ќе се дискутира и на Економско социјалниот совет, каде заеднички со социјалните партнери ќе се дојде до финалната верзија.

-Се надеваме дека времето и праксата ќе покажат дека носиме добар закон, кој ќе биде соодветна основа за унапредување на односите помеѓу работниците и работодавците, порача Тренчевска, пренесуваат од МТСП.

Next Post

МЖСПП: Прекинат праг на алармирање за Гостивар, Кичево и Кавадарци

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk