ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Година на инфлаторни удари и 760 милиони евра антикризни мерки

December 28, 2022 08:42
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

По кризните 2020 и 2021 година, кога се надминуваа последиците од корона пандемијата, почетокот на 2022 донесе нов светски потрес и нова криза.

2022 година беше година на геополитички турбуленции, на конфликт што лесно можеше да се претвори во глобална војна и да го загрози светскиот мир.

Агресијата на Русија кон Украина предизвика тешки последици врз цените на храната, на енергенсите, на електричната енергија и речиси и секоја европска економија, предизвикувајќи криза незапамтена од Втората Светска војна

И македонската економија не остана имуна на последиците, инфлацијата што со себе ја донесе кризата сериозно удри врз стопанството и животниот стандард на граѓаните.

Надминувањето на таквите последици бараше брзо, навремено и ефикасно реализирање на мерки за помош и поддршка.

Што презеде Владата?

Како и многу други Влади во регионот и Европа, Владата се обиде да ја пресретне кризата и последиците од неа.

Веќе во првиот месец од кризата, Владата донесе пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра.

Како мерки од овој пакт, беа и намалување на акцизите на горивата, укинување на ДДВ за лебот и некои основни продукти како млеко, ориз, јајца, тестенини и слично.

36.000 граѓани кои се приматели на социјална помош три месеци добиваа помош од по 1.000 денари месечно, а иста помош беше обезбедена и за 330.000 пензионери.

Претходно, минималната плата се покачи на 18.000 денари, а пензиите за само шест месеци се зголемија за околу 10 отсто.

Поддршката кон компаниите и граѓаните, продолжи и со вториот пакет мерки со што вкупната вредност за двата пакета мерки изнесуваше 760 милиони евра или 5 отсто од вкупниот БДП на државата.

Тоа, според Светска банка е најмногу како процент од БДП споредено со земјите од регионот.

Што ќе се случува во 2023?

Премиерот Ковачевски и Владата уверуваат дека 2023 година ќе биде година на подобар живот.

Тврдењата за тоа тие ги темелат на стабилизација на пазарите се енергија, нов раст на минималната плата на околу 20.000 денари, ново зголемување на пензиите, како и проекциите на ЕБОР кои велат дека македонската економија идната година ќе расте околу 2,3 отсто.

Сепак, за очекувањата на Ковачевски и Владата да се остварат, ќе треба многу посериозна реализација на капиталните инвестиции, кои за 2023 година се проектирани на околу 800 милиони евра, како и отворање нови работни места.

Доколку процентот на реализација е значително поголем од просекот на реализација во последните години, но и доколку навистина се инвестира во нови енергетски капацитети и нови работни места, како што се најавува, тогаш 2023 навистина може да биде подбра година за живот на сите граѓани.

Извор: 24инфо

 

 

Tags: антикризни меркиВладаинфлацијаминимална платапензиисоцијална помошцени
Next Post

Укинати мерките што беа воведени поради аерозагадувањето, од денес нема бесплатен јавен превоз

EVN

НАЈНОВО

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk