ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Град Скопје како воспитна институција – По три месеци расправии, Славевски се надева дека Арсовска ја научила лекцијата, а што добиваат граѓаните?

December 28, 2022 11:38
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

По три месеци драми и расправии меѓу градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ сепак доцна синоќа со 28 гласа „за“, се изгласа буџетот на Град Скопје за наредната година вреден седум милијарди денари.

Иако се очекуваше блокада на Градот според наративите кои ги употребуваа советниците, а и незадоволството од работата на Арсовска, за Буџетот сепак гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ не го поддржаа и на гласањето беа воздржани.

Ова гласање е изненадувачко бидејќи од септември наваму советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска постојано се препукуваат, се обвинуваат за криминали и блокади, а градоначалничката дури рече дека лидерот на партијата Христијан Мицковски ѝ се заканувал дека ќе ја влече по улица.

За претседателот на Советот, Трајко Славески нема ништо спорно во гласањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за Буџетот, туку тоа е и конструктивно.

– Буџетот не е на Арсовска туку е на граѓаните, ние гласавме и за амандмани на СДСМ и на ДОМ. Знам дека во изминатиот период градоначалничката влезе во политички пресметки со нас, но се надевам дека извлече поуки и тоа нема да се повтори, вели тој во изјава за ЦИВИЛ медиа.

Според Славевски не е спорно и тоа што нема појаснување за кои проекти ќе се трошат парите затоа што од денес продолжуваат седниците за усвојување на програмите за реалузација.

Од СДСМ пак нагласуваат дека Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се едно, нивните кавги се само заради тендери.

-ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје има своја градоначалничка има претседател на Совет и мнозинство во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство на членови во управните одбори во јавните претпријатија и со тоа ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје. По вчерашното усвојување на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди коалицијата со Арсовска и докажа дека секој нивни обид да се оттргнат од Арсовска е само уште една лага на партијата предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, се наведува во соопштението од СДСМ.

Според советничката од СДСМ Љубица Јанчева тие не гласале за буџетот бидејќи е за 30 проценти пократок од минатата година.

– За обнова на улици ако минатата година беа оџвоени 900 милиони евра, а и тие не се реализирани до крај, оваа година се само 600 милиони. Нема пари ниту за бесплатен превоз, ниту за нови автобуси, а Арсовска пистојсно ќе нд задолжува со кредити и за Луна паркот и за зоолошката, но и за Универзалната сала, додава таа.

Од Град Скопје пак велат дека за наредната година е донесен развоен буџет, со социјална компонента и соодветни мерки за домаќинско и штедливо работење на градот.

– Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста на сите советнички групи, граѓаните на градот Скопје за следната 2023 година имаат нешто над седум милијарди денари (7.094.386.000 денари) за реализација на проекти кои значат исполнување на програмата „За Модерно Скопје“, велат од Град Скопје.

Основниот буџет на Градот ќе биде 72 милиони евра, дотации од централната власт ќе бидат 33 милиони евра, од самофинансирачки активности 5,7 милиони евра, а од донации 2,5 милиони евра.

Во материјалите кои беа доставени до советниците, а не беа испратени до новинарите, нема описи за проектите и колку пари за нив се предвидени тука само вкупните пари расподелени по сектори.

Сепак и оваа година не се предвидени пари за главното изборно ветување на Арсовска, воведување на бесплатен автобуски превоз за сите граѓани и набавка на нови 250 еколошки автобуси. Предевидени се субвенции од 12 милиони евра за ЈСП, но тие пари се за бесплатен превоз за пензионери и за надминување на потешкотиите во работењето на претпријатието.

Следната година од буџетот на град Скопје, одвојува и средства за субвенции на социјално ранливи категории граѓани кои имаат потешкотии поради актуелната економска и енергетска криза.

Продолжуваат програмите за субвенции за граѓаните кои беа актуелни и во оваа година која изминува.

-За следната година, благодарение на конструктивноста на советниците од сите советнички групи во Советот на град Скопје, за следната 2023 година граѓаните ќе добијат буџет кој ќе значи и реализација на проекти за подобрување на јавната инфраструктура, подигнување на нови зелени површини, нови содржини во зоолошката градина и реализација на новиот Луна Парк, додаваат од Град Скопје.

Соња Т. / ЦИВИЛ Медиа

Tags: ВМРО-ДПМНЕГрад СкопјеСДСМТрајко Славески
Next Post

МОН: Ќе се коригираат пропустите во учебникот за петто одделение, образованието е политички неутрален систем

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk