ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски за уставните измени: СДСМ предводи прогресивни сили, додека опозицијата нема стратешки сенс

December 28, 2022 22:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МРТ, зборувајќи за почетокот на преговарачкиот процес за членство во Европската унија и уставните измени повтори дека е рационален оптимист.

-Има различни типови на оптимисти меѓутоа јас сум рационален оптимист, тоа значи дека јас верувам во целта, меѓутоа работам таа цел да се оствари. Исто како што беше со енергетската криза јас не давав премногу изјави меѓутоа сега сите граѓани се уверија дека нема ценовен шок, исто како што верував дека може да обезбедиме затоплување за градот Скопје, исто како што верував дека во време на криза можеме да ја зголемиме минималната плата и да обезбедиме финансирање преку инструментите на ММФ кои што ги немавме во минатото, исто така верувам дека и ова ќе се оствари бидејќи се работи за неповратен процес, рече Ковачевски.

Тој повтори дека земјата  уште при своето осамостојување има зацртано две стратешки цели, а тоа се членство во НАТО и членство во ЕУ.

-И во двете одлуки па и во првата за независност се потврди дека тие процеси се водени од страна на прогресивните сили во парламентот, а пред се тука мислам на СДСМ и неговите коалициони партнери и сметам дека и овој пат ќе биде така. За жал и кај другите одлуки се потврди дека опозицијата го нема тој стратешки сенс за размислување и секогаш се водени до своите тесно партиски интереси, меѓутоа тоа ниту во еден момент не им донесе добро ниту на нив, ниту пак на државата. Ние се сеќаваме на 11-те години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во кој што тие пробаа да воведат некој свој алтернативен никаде не виден модел на управување со државата каде што имавме внатрешни етнички тензии, бевме раскарани со сите соседи и немавме ниту милиметар прогрес во  евроатлантските интеграции, на крајот единствен резултат беше што државата стана заробена држава. Вие поставивте и на почетокот во вашиот вовед, меѓутоа и сега прашањето дека на Владата и треба двотретинско мнозинство, на Владата и треба 61 пратеник за да биде Влада, на било која Влада во државата, двотретинско мнозинство и треба на Македонија за да може да го побрзо заврши патот на интеграција во полноправно членство во ЕУ, вели Ковачевски.

Тој кажа дека тоа двотретинско  мнозинство нема да биде последната одлука во пристапувањето кон ЕУ.

-Ние во претходните прашања зборувавме за реформи кои што ќе треба да бидат правни, тие реформи и тоа пристапување во ЕУ не е процес на еден човек, не е процес на една партија, тоа е процес на целата држава, затоа велам дека не 80, не 90, не 100, 110, 120 пратеника во Собранието имаат обврска да носат одлуки кои што ќе обезбедат подобра иднина за сегашните и за идните генерации, бидејќи сите обвинувања кои што беа кажувани при прифаќањето и носењето на заклучоците во Собранието во однос на европскиот предлог предложен од Француското претседателство паднаа во вода, се изгради огромна хистерија во општеството дека ќе се сме биле асимилирани, ќе сме биле бугаризирани и ќе сме го изгубеле македонскиот јазик. И се случи токму спротивното, на 26-ти октомври, односно прво ги отпочнавме преговорите со ЕУ во месец јули, на 19-ти јули, на 26-ти октомври го потпишавме договорот со ФРОНТЕКС, на чист македонски јазик, без никакви додавки, фусноти или дообјаснувања. Прв пат договор потпишан со сите 27 земји членки на ЕУ и тоа договор потпишан на сите јазици на ЕУ, одобрен и од Грција и Бугарија, кој можеше да верува во такво нешто. Второ, во Грција се отвори центар за македонски јазик, кој можеше да верува во такво нешто. Трето, во Скопје се отвори бугарски културен центар од официјалните институции на Бугарија, исто како што ние отворивме канцеларија на МИА во Софија, во македонски културен центар. Тоа е начин на градење на доборососедски односи и такви културни центри имаме и во Тирана и во други држави, сега работиме и на отворање во Белград, тоа е начинот на кој што се градат добрососедски односи. Со ширење на внатрешни тензии во општеството, со ширење на недоверба со соседите не се стига никаде, тоа не е начин за напредок на државата, бидејќи ЕУ почива на добрососедски односи, таа не почива на лоши односи помеѓу соседите, истакна Ковачевски.

Тој посочи дека како пример треба да се погледне што се се има случувано помеѓу земјите членки на ЕУ, помеѓу Франција и Германија на пример.

-Доволно ви е да посетите да видите што таму се има случувано во Првата светска војна, но тие држави денеска заедно се лидерите во ЕУ и носат одлуки за унапредување на животниот стандард на нивните граѓани. Значи уставните измени и сите одлуки кои што понатаму ќе следат до полноправно членство се обврска на сите политички партии, тоа е над-партиски интерес за граѓаните а не за политичките партии, политичките партии имаат многу други теми на кои што можат дневно политички да се натпреваруваат, од политика на даноци, социјални политики, инвестициски политики…меѓутоа ова прашање е прашање на иднината на граѓаните, бидејќи македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама тие сакаат да живеат во ЕУ тука во својата држава а не да живеат во ЕУ како до сега во туѓина, во други земји, како вработени во компании кои што практично живеат надвор од својата држава и тоа е тоа што сите пратеници треба да им го овозможат на граѓаните, кажа Ковачевски.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУКовачевскипрогресивни силиСДСМ
Next Post

Шукова: Со промената на власта во Град Скопје замре работата на Законот за комунална полиција

Shortcut

Најново

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026
Фото: Википедија

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk