ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бугарија е блиску до нови избори, партијата на Кирил Петков не успеа да формира влада

January 7, 2023 11:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Втората најсилна партија во Бугарија, Продолжуваме со промените на поранешниот премиер Кирил Петков, се откажа од обидот да формира нова влада, поради што продолжува политичката блокада во најсиромашната членка на Европската унија.

Партијата „Продолжуваме со промените“, која е формирана во 2021 година во екот на масовните протести против корупцијата, не ја доби поддршката од Парламентот за листата на национални приоритети што ја подготви во обид да формира малцинска влада со партијата Демократска Бугарија, објави Ројтерс.

Листата на национални приоритети на партијата Продолжуваме со промените ја поддржаа 63 пратеници, а против беа 114 од 240 парламентарци, по што партијата на Кирил Петков најави дека в понеделник ќе му го врати мандатот на претседателот Румен Радев, доделен на нејзиниот кандидат за премиер Николај Денков.

Пратениците од коалицијата околу партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и проруската националистичка партија Препород беа против, додека три политички опции беа воздржани, вклучително и Бугарската социјалистичка партија, некогашен сојузник на партијата на Кирил Петков.

Коалицијата на Бојко Борисов, која на вонредните парламентарни избори на 2 октомври освои најмногу гласови, но само 67 мандати, во декември не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот.

Бугарскиот претседател Радев сега мора да побара од третата најмоќна политичка опција да формира влада, а тоа е центристичката партија Движење за права и слободи. Доколку и таа не успее да формира влада, Радев ќе мора да го распушти парламентот и да распише нови избори, петти во изминатите две години.

Политичката криза во Бугарија трае од 2020 година, кога земјата беше потресена од протести против владата на Бојко Борисов, каде илјадници бараа елиминирање на корупцијата и политичкото мешање во работата на медиумите и ефективна реформа на судството. Обидите на владата на Бојко Борисов да ги запре протестите со насилство поттикнаа дополнителен гнев и доведоа до подлабока поларизација на општеството.

Од април 2021 година, кога се одржаа последните редовни парламентарни избори, формирањето на стабилна влада е спречено поради острата поларизација меѓу партиите и нивната недоволна сила.

Оттогаш, Радев назначи неколку преодни влади, а единствената во полн капацитет, предводена од Петков, беше формирана по вонредните избори во ноември 2021 година, но нестабилната четиричлена коалиција се распадна по само шест месеци, во јуни 2022 година.

Долготрајната политичка блокада може да го загрози влезот на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2024 година и користењето на фондовите на ЕУ за закрепнување на земјата, а ќе ги одложи и реформите неопходни за борба против корупцијата.

Tags: бугаријаВладаизбориформирање
Next Post

Перспективи 2023 - Мишев: Државата, општеството и медиумите заостануваат зад светската поддршка за Украина

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk