Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук-профил на сите православни верници им го честита големиот христијански празник, Божиќ.
Во духот на денешниот празник да се потсетиме на неговата симболика – да сакаме, да почитуваме, да простуваме, да помагаме и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош. Само со добрина во нашите срца и желбата за сплотеност ќе можеме да ги победиме разните искушенија пред кои сме исправени, напиша Ковачевски во својата честитка.
Тој истакна дека „Божиќ е празник кој обединува, кој сплотува, кој значи безусловна љубов. Како што празникот сите нè обединува во семејниот дом, така нека нè обедини и во сите други сфери на живеењето“.
Да се радуваме на денешниот ден, да ја славиме веста за Христовото раѓање, со љубов и топлина во нашите срца. Со добра мисла и добри дела можеме да одиме напред и да создаваме подобро утре за сите нас. Христос се роди! Честит Божиќ!, се вели во честитката.