ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Варвициотис: Анкара би требало да го земе примерот за добри односи на Грција со Северна Македонија

January 11, 2023 15:47
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Анкара би требало да го земе примерот за добри односи на Грција со Северна Македонија, кои се развиваат врз основа на меѓународниот легитимитет и водат кон иднина на просперитет за двата народи, рекол алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис, одговарјќи на новинарско прашање за Турција, по средбата во Атина со заменик- претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, соопштија од грчкото МНР, пренесува МИА.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека Варвициотис, во изјавата по средбата со Маричиќ, ја изразил цврстата грчка поддршка за европската перспектива и на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан, споменувајќи ја Солунската агенда од 2003 година.

-Интеграцијата ќе ги зајакне стабилноста и безбедноста во регионот, како на политичко, така и на економско и на енергетско ниво, рекол Варвициотис и додал дека „тесната соработка меѓу земјите може да придонесе за енергетска стабилност во поширокиот регион на Југоисточна Европа“.

Вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија, според грчкото МНР, истакнал дека денешната средба испраќа порака на добрососедски односи и градење заедничка европска иднина.

-Грција има лидерска улога во поддршката на европската перспектива на Западен Балкан, истакнал Маричиќ, според соопштението од грчкото МНР.

Од Министерството за надворешни работи на Грција додадоа дека на новинарското прашање до алтернативниот шеф на грчката дипломатија и заменик-претседателот на Владата за турските првокации Маричиќ рекол дека Северна Македонија го почитува меѓународното право.

Tags: АнкараатинаБојан МаричиќГрцијаМилтиадис ВарвициотисМНРСеверна МакедонијаСолунската агендаТурција
Next Post

Кијив ги негира руските тврдења дека Соледар е под нивна контрола

EVN

НАЈНОВО

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија: Сомнежи за перење на 2,85 милиони евра преку фиктивни реклами

April 16, 2026
Илустрација Фронтлајн

Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

April 16, 2026

Комисијата за култура на СДСМ со поддршка за протестот на културните работници: Почитувањето на Колективниот договор е законска обврска

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk