„Предизвик за мене се случувањата во соседството, сериозна закана за мултикултурализмот и спроведувањето на стратегијата се тензиите помеѓу Србија и Косово, како и недобрососедската комуникација меѓу Србија и Хрватска и Србија и Босна и Херцеговина. Од друга страна и спорот кој Бугарија го има со нас е извор на говор на омраза и непочитување на различностите“ изјави националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец на конференцијата на Цивил „Различностите, благодат или проклетство“.
Тој додаде дека наспроти ова го имаме добриот однос на Северна Македонија со Албанија и Грција, како и иницијативата Отворен Балкан.
„Отворен Балкан е пример дека мултикултурализмот може да биде популарен. Оваа иницијатива емитува соработка, поставена е на економска основа, но подразбира соработка на различните“ рече Забрчанец.
Тој додаде дека Отворен Балкан е шанса за потиснување и контратежа на конфликтот меѓу Србија и Косово доколку е искористен, освен во економска и во политичка смисла како пандан на ризиците од несработувањето и непочитувањето.