ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сега Џамбаски не бил нивен, види богати, од кога тоа?

Факт е дека уште никој не се огласи, уште никој во партијата и од партијата не проговори за децениската внатрешно партиска и партиско државна пробугарска политика. Исто и сега и за „нивниот“ Џамбаски, за таа софиска ВМРО-вска евро будалетинка.

January 16, 2023 22:37
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

  ЗОРАН ИВАНОВ          

Кога нај докажани бугараши на времето, од основањето на ВМРО- ДПМНЕ во деведесеттите па се до денес, кога тамошни високи партиски фаци и тогаш, а и сега ни ја бугаризираа и ни ја бугаризираат државава, јас, еве нека е од инает, застанувам во одбрана на софискана ВМРО будалетинка Џамбаски.

Зошто? Па просто. Ем род им е, ем сега не само што во устав не ќе го ставале, туку и ќе го тепале. Но не. Не. Сега и рука ќе му цунувате бугаромани овдешни маскирани.

Ај по ред за да не виси ова од погоре како некаков виц и колку како за некаква забава:

Пред триесет и две години ВМРО- ДПМНЕ е основана како двослојна, како хибридна партија со силно внатрешно про бугарско крило и со нагласено македонистичко крило од евро дијаспората. Секако и со силна овдешна про македонска граѓанска поддршка.

Со поддршка на многубројни искрени Македонци и Македонки родољуби, борци за Македонија. Но, исто така, и со куп влијателни манипулатори, пробугарски елементи не инфилтрирани во партијата, туку и владетели во партијата и на партијата. Едни највисоки партиски функционери, други делегирани за министри, трети влијателни спин доктори македонски негатори.

Некои ќе речат дека констатацииве се нерални, пресубјективни, па и манипулативни. Па добро, тогаш ајде и вака, нај накусо и малку по таксативно:

Во фазата на основањето ВМРО-ДПМНЕ е формира врз програмска платформа, практично идеолошка матрица која партиските водства ја афирмираа на бројните јавни, главно предизборни митингашки настапи. Во неа се вградени тогаш за неа пет клучни постулати и тоа три „анти“ и две „про“.

Про: пробугарски и промакедонски, и;

Анти: антикомунистички, антисрпски и антиалбански.

И некако, како по правило, секогаш, по секој внатрешно ВМРО-вски судир, на крајот на партиската идеолошка вага, сепак ќе натежнеше про бугарскиот тег.

Можеби и би можело да се констатира дека со време сепак пробугарската доминација во партијата ги губеше највисоките партиски позиции, дека одвреме, навреме, промакедонистите таму умееја да ги потиснат пробугарите на помаргинални партиски, па и државни позиции. Сепак, факт е дека уште никој не се огласи, уште никој во партијата и од партијата не проговори за децениската внатрешно партиска и партиско државна пробугарска политика.

Затоа, барем дотогаш, додека овој актуелен или некој нареден ВМРО-вски партискиот врв не се огласите и не се огради за и од историските внатрешно партиски антимакедонски, а пробугарски инклинирања, за децениските нескриени пробугарски антимакедонски политики, на темата одбрана на идентитетот, одбрана на македонскиот идентитет, би било најарно и натаму да си молчат.

Би било поарно да не лицемерат. Да си траат и за континуитетот, и за Македонците во Бугарија и за имињата на овдешните бугарски клубови и за Ванчо Михајлов и за Цар Борис и за …

Исто и сега и за „нивниот“ Џамбаски, за таа софиска ВМРО-вска евро будалетинка. Демек, сега тој не бил нивен.

Види богати, а од кога тоа?

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Tags: ВМРО-ДПМНЕпро-бугарскиЏамбаски
Next Post

(2023) Сценарио 7/8: Северна Македонија се извлекува. За влакно.

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk