ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Војна или мир? Ти за што си?

January 17, 2023 00:39
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Каков е досегашниот исход од неоправданата руска агресија во Украина? Наводната „денацификација“ на Украина, која на 24-ти февруари минатата година ја започна рускиот претседател Владимир Путин, досега одзеде седум илјади невини животи. Според податоците на релевантните институции, во руската агресија над Украина загинале седум илјади цивили, меѓу кои и 430 деца, но Обединетите нации стравуваат дека бројката е многу повисока. Повеќе од единаесет илјади цивили се водат како повредени.

Бруталните напади на војската на Путин, за кои веќе се прибираат докази за злосторства над човештвото, принудија 12 милиони Украинци да ги напуштат своите домови. Пет милиони Украинци веќе мигрираа надвор од земјата, додека седум милиони се водат како внатрешно раселени. Суровоста на руската војска се докажува и со нападите на виталните објекти за функционирањето на државата, па така, цели на воздушни напади беа голем број електрани и топлани, по што илјадници Украинци беа оставени без струја и греење.

Уништени се и сѐ уште се уништуваат клучни објекти на прехранбената индустрија, но и водоводи, кои предизвикаа глад кај недолжното цивилно население и укажуваат на геноцид. Сите овие нехумани потези на руските сили се косат со правилата на војување и потсетуваат на фашистичките воени операции, иако Москва си припишува огромна заслуга во антифашистичката борба. Она што на дело, пак, го прави Русија на украинска територија се коси со антифашистичките принципи и идеи за слобода, мир и заедништво. Сепак, и покрај фактите за пустошот и ужасите кои зад себе ги остава војската на Путин, многумина веруваат во лажните образложенија на Кремљ за оправданоста на т.н. специјална воена операција.

Во меѓувреме, паднаа во вода тврдењата на Москва за наводни лаборатории за биолошки и нуклеарни оружја кои би биле употребени против руското население, а неиспровоцираната агресија се сведе на освојување територија, од империјалистичките побуди на рускиот претседател. По примерот од 2014 година, кога Москва го окупираше украинскиот полуостров Крим, сега Русија се впушти во насилно одземање на украинските територии на истокот на земјата, па дури се организираа и „референдуми“ за независност во регионите Доњецк и Луганск, под засилено присуство на руските воени сили.

Сите овие маневри на Путин беа препознаени од западниот демократски свет, кој здружно застана во одбрана на украинскиот суверенитет и територијален интегритет. Кијив продолжува да добива одбранбена воена и хуманитарна помош од сојузниците, кои Москва веќе ги прогласи за непријатели.

Огромно беше мнозинството и во Генералното собрание на Обединетите нации во осудата на руската агресија врз Украина. Резолуцијата беше усвоена со 141 глас „за“, 5 „против“, а 35 „воздржани“. Резолуцијата најостро ја осуди руската агресија и побара Кремљ веднаш да ја прекине употребата на сила против Украина, како и да се повлече од соседната земја. Но, напротив, Москва само ја продолжи бруталната окупација и ја засили дезинформациската војна на социјалните мрежи, а на терен остави само смрт, чемер и плач.

портал.мк


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: воени злосторствагеноцидПутинРуска агресија
Next Post

Спасовски: Прибираме информации за можното движење на избеганиот затвореник Беким Мемети

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk