ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Ковачевски: Со државнички одлуки го обезбедивме светското признание за македонскиот јазик

January 18, 2023 16:30
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, македонскиот јазик е официјализиран како во Обединетите Нации, така и во Европската Унија, истакна премиерот Димитар Ковачевски при завршувањето на капиталниот проект – Дигитализација на картотеката на македонски зборови во Институтот за македонски јазик.

„Посебно сум горд што Советот на Европската Унија ја усвои одлуката за потпишување на Договорот за гранично управување меѓу ЕУ и Република Северна Македонија, на чист македонски јазик, без какви било додавки. Денес, јасно и гласно, во официјални изјави, прецизно се употребува терминот „македонски јазик“ којшто е рамноправно застапен, заедно со сите други европски јазици во Европската Унија, за што прв доказ е договорот ФРОНТЕКС. Почетокот на преговорите со ЕУ и со тоа преводот на целокупното европско законодавство на македонски јазик е конкретното признание на македонскиот јазик што го очекувавме – и осигуравме,“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека носејќи државнички одлуки е обезбедено и европското и светското признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

„Грижата на Владата и на институциите кон македонскиот јазик и неговото негување се гледа и во постојано инвестирање во соодветни научни кадри кои се занимаваат со оваа дејност. Минатата година Институтот за македонски јазик го зајакнавме со давање на вкупно 17 согласности за нови вработувања. Лицата кои се вработени се асистенти и доктори на науки кои со своето знаење и стручност ќе придонесат за развој на овој Институт, а со тоа и да се развива и збогатува македонскиот јазик. Само за споредба ќе ви дадам еден податок, минатата година вработивме 17 нови асистенти, доктори на науки во институтот. Во изминатите 24 години, во институтот имаше само едно вработување“, рече Ковачевски.

Tags: дигитализацијаДимитар Ковачевскимакедонскиот јазикофицијализиранФРОНТЕКС
Next Post

Надал после поразот и повредата на Австралија опен: Психички сум уништен

EVN

НАЈНОВО

Зошто цената на биткоинот паѓа и покрај големата побарувачка

February 8, 2026
Реалистична сцена на онлајн дебата со човечки учесници и автономен AI агент, симбол на скриено алгоритамско влијание во дигиталниот простор.

Како да препознаеш автономен AI агент во онлајн дебата

February 8, 2026

Кога ништо не е важно

February 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Виторија Черети. Фото: Армани, Инстаграм

    Виторија Черети, девојката на Ди Каприо го носеше италијанското знаме на отворањето на ЗОИ 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Расистичко видео на Трамп кон Мишел и Барак Обама – силни осуди, Белата куќа принудена да го избрише

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милјардерот Нелсон Пелц проговори за конфликтот меѓу семејствата Пелц и Бекам: „Мојата ќерка и зетот се сјајни“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 7 и 8 февруари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Сараево Сафари“ – мрачната туристичка индустрија на викенд-убијци на цивили во опсадениот град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk