ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчески: Одговорноста за бегството на Беким Мемети треба да биде по вертикална линија, се разгледуваат сите опции ,мора да се открие кој стои позади овој случај

January 18, 2023 20:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашната Топ тема на ТЕЛМА осврнувајќи се на бегството на затвореникот Беким Мемети рече дека одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот. Информираше дека се суспендирани  сите кои се вклучени во настанот,одредена им е мерка  притвор, распишана е меѓународна потерница за лицето кое е во бегство.,,Реакцијата е иницијална ,но тоа не значи дека тука ќе се застане. Овој кривичен настан треба допрва да се истражува.Не треба да бидете стручен експерт од областа на казненото право за да се забележи и види дека станува збор за добро организирана акција каде што  има и соодветна реакција од државните органи.На вчерашната седница на Владата беше разрешен директорот на УИС  и се разгледуваа сите варијанти кои би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред неколку месеци, 3 или 4 месеци, беше разрешен претходниот директорот на КПД Идризово од страна на Владата.Но тоа не значи дека тука треба да се застане, едноставно треба да се открие кој се е инволвиран во целата работа”,рече Тупанчески.

 

Говорејќи за одговорност на други лица,министерот за правда посочи дека не е исклучено и се разгледуваат сите опции за инволвираните во инцидентот. Одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот.,,Колкава е одговорноста, тоа треба да го утврдат истражните органи. Дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го докаже истрагата.Во вакви ситуации ,понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт.Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ќе се покаже дали овој тип на кривична пријава ќе се прошири. Но, мора да признаеме дека се ретки  случаите кога имаме ваква општествена реакција”потенцира Тупанчески.

Во однос на именувањето на Јовица Стојановиќ за  в.д.директор на УИС, Тупанчески рече дека  дека се работи за човек кој целиот свој живот се занимавал со оваа дејност.Директорот мора да биде одговорен човек,личност кој што ќе ја знае својата работа и кој што има сериозно професионално и животно искуство во работите кои се од оваа сфера.

Министерот за правда Никола Тупанчески соопшти дека треба да се иницираат законски измени со цел да се отстранат сите евентуални злоупотреби околу живеалиштето на осудените лица и можноста да ја издржуваат казната затвор во Струга .Можно е да се пропише , година или две да биде последното живеалиште на лицето кое е осудено.

Tags: министер за правдаТоп темаТупанчевски
Next Post

Николовски: Мерките што министерството ги креира за поддршка на земјоделците даваат ефект бидејќи се подготвени директно со самите земјоделци

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk