ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши од Брисел: Со целосно усогласување на нашето законодавство ќе обезбедиме поголеми права за основање и слободата на давање на услуги

January 23, 2023 10:44
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Брисел се обрати на првиот билатерален состанок во рамки на Кластерот за  Внатрешен пазар, со Поглавје 3 – Право на основање и слобода на давање на услуги. Ова е прв билатерален состанок за Поглавје за кое е надлежно Министерството за економија.

Министерот Бектеши во своето воведно обраќање се заблагодари за досегашната соработка и поддршка која ја имаше Министерството за економија во спроведувањето на активностите за усогласување со законодавството во ова Поглавје.

„Заклучоците и препораките кои ќе произлезат од овој билатерален состанок ќе ги постават следните чекори во процесот на пристапување во областа  на Право на основање и слобода на давање на услуги. Ние сме свесни за важноста да се обезбеди  правото на основање и слободата на  давање на услуги преку процесот на усогласување на законодавството во оваа област. Слободното движење на услуги преку елиминација на бариерите за вршење на услужните активности ќе придонесе за развој на економските активности, повисоко ниво на вработување, висок степен на конкурентност и подобрување на квалитетот на услугите,  а со тоа и на квалитетот на животната средина. Министерството за економија како надлежно министерство, во соработка со останатите институции, континуирано спроведува активности за усогласување со законодавството на ЕУ и зајакнување на административните капацитети  во областа на услугите. Активностите се спроведуваат во согласност со заклучоците и препораките од Поткомитетите и од Извештаите за напредок на нашата земја”, кажа министерот Бектеши.

Во однос на правната рамка, како што кажа министерот Законот за услуги, Законот за меѓусебно признавање на професионални квалификации и Законот за поштенски услуги се основни закони во оваа област.

„Во Законот за услуги целосно е транспонирана Директивата за услуги. Со цел имплементација на законот, Владата во 2020 година усвои Акциски план за  усогласување на секторското законодавство со Директивата. Министерството за економија е координатор на процесот и ја следи имплементацијата на Акцискиот план. Во рамки на ИПА Проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“ , компонента 2 за слободно движење на услуги, во периодот 2021-2022 година се спроведе нова детална анализа за оцена на усогласеност на законодавството со Директивата за услуги. Врз основа на наодите од анализата, во тек е подготовка на нов Акциски план со мерки за усогласување. Свесни сме дека усогласувањето со Директивата за услуги е континуиран процес и се однесува не само на постојните прописи туку и на нови прописи или измени на постојните прописи. Ова се има предвид при планирање на идните активности во оваа област”, кажа Бектеши во своето обраќање.

Со оглед на хоризонталниот карактер на законодавството за Поглавје 3,  на скринингот беа присутни претставниците на Работната група за Поглавје 3 од голем број на институции: Министерство за економија, Централен Регистар, Министерство за транспорт и врски, Агенција за пошти, Министерство за образование и наука, Министерство за финансии, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество и администрација, Агенција за храна и ветеринарство, Агенција за катастар на недвижности и други.

Министерот кажа дека во однос на обврската да се воспостави Единствена точка за контакт, Националниот портал за е-услуги е веќе воспоставен.

Министерството за образование и наука е надлежна институција за процесот на транспонирање на Директивата на ЕУ за признавање на професионални квалификации. Подготвен е нов Закон за за признавање на професионални квалификации во кој се транспонирани Директивите

Во областа на поштенски услуги, националните прописи се целосно усогласени со првата и втората поштенска директива и делумно се усогласени со третата директива, а се подготвува Стратегија за развој на поштенските услуги и подготвува законска регулатива за поштенските активности во соработка со Агенцијата.

Tags: билатерален состанокКластерот за  Внатрешен пазарКрешник БектешиПоглавје 3
Next Post

Вучиќ го напушти состанокот во седиштето на партијата, рече дека е подготвен да поднесе оставка

Shortcut

Најново

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026
Илустрација Фронтлајн

Андони Ираола ги договори условите со Ливерпул, Шпанецот станува нов главен тренер на „Црвените“

June 2, 2026

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови

June 2, 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

June 2, 2026
Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk