ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ одобри нов пакет помош за Украина во вредност од 500 милиони евра

January 23, 2023 17:57
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Европската унија денеска и одобри дополнителна воена помош на Украина во вредност од 500 милиони евра, додека Берлин е под притисок на Кијив да му да испорача германски тенкови „Леопард“.

Британските медиуми пренесуваат дека на денешната средба во Брисел на шефовите на дипломатиите на 27-те земји членки е постигнат договор за седмиот пакет помош, откако западните земји минатата недела не успеаја да се договорат за испраќање борбени тенкови во Украина, иако ветија поддршка вредна милијарди евра.

Покрај пакетот од 500 милиони евра, одобрени се дополнителни 45 милиони за „несмртоносна опрема“ и за воена обука на ЕУ за Украина, изјави дипломат од ЕУ, што беше потврдено од два други извори по состанокот на министрите зад затворена вратите.

Германските тенкови „Леопард“, испорачани од армиите низ Европа, се сметаат за најпогодни за Украина, но Берлин мора да го одобри нивното распоредување.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки уште утринава во Познан изјави дека условот неговата земја да испрати германски тенкови „Леопард“ како помош за Украина е тоа да го стори „во коалиција со барем мала група земји“, но дека сега има трошка надеж дека и самата Германија на крајот ќе ги испрати тенковите.

-Ќе побараме дозвола (од Германија) да испратиме тенкови „Леопард“ во Украина, но тоа е секундарно прашање. Услов за тоа е да се создаде барем мала коалиција на држави подготвени да го сторат истото, рече Моравјецки.

Се очекуваше министрите да разговараат, но не и да одлучат, за користењето на руските средства замрзнати во Европа за да се помогне во обновата на Украина, како и за десеттиот пакет санкции против Русија, кои ќе стапат на сила следниот месец.

Унгарија меѓутоа сигнализираше дека се противи за дополнителни санкции, особено ако тие би ја ограничиле соработката на Будимпешта со Москва во нуклеарната енергија.

-Сите одлуки кои би можеле да ја продолжат војната или да доведат до потенцијална ескалација се против нашите интереси. Докажано е дека санкциите ја водат Европа во ќорсокак, рече министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Извор: МИА

Tags: Германијадополнителна воена помошЕУКијивУкраина
Next Post
Фото: МИА

Француската Влада ги усвои пензиските реформи

НАЈНОВО

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk