ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вечерва средба на Ковачевски со коалициските партнери во клуб на пратеници

January 23, 2023 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициски партнери на СДСМ, потврдија за МИА дел од коалициските партии.

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ, потврдија за МИА дел од партиите членки на коалицијата.

Ковачевски денеска во изјава за новинарите рече дека разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери, во однос, како што вели, за функционирањето на темите што се значајни за работењето на Владата, а од интерес за граѓаните. 

– Исто така, имам разговарано и со партијата Алтернатива, односно со нејзиниот претседател, бидејќи имаме редовни состаноци, меѓутоа немаме разговарано за детали за влегување на нов партнер во Владата, бидејќи такви детали не се разговарани со потенцијален нов партнер. Тоа исто така ви го потврди и претседателот на Алијанса, дека ние сме политички партии, вклучително и Алијанса за Албанците, што сме за продолжување на европскиот пат на државата, меѓутоа дека во однос на конкретни разговори за програмски и кадровски детали немаме разговарано, рече Ковачевски.

Тој истакна дека доколку се влезе во такви разговори, тогаш, нормално дека ќе бидат консултирани и ќе биде разговарано и со постојните коалициски партнер во Владата, исто како што беше разговарано со коалициските партии во Владата кога влегуваше партијата Алтернатива.

Централното претседателство на Алијанса за Албанците неделава ќе формира комисија која треба да преговара за евентуален влез на партијата во Владата или за останување во опозиција, откако Централното собрание викендов го овласти раководството да ја донесе конечната одлука.

Во саботата вечер, по завршувањето на Централното собрание на Алијанса за Албанците, претседателот на партијата Арбен Таравари, рече дека имале плодна дискусија на оваа тема, оти дел од членовите биле за, некои против, како и дека централното претседателство на партијата ќе треба да ја донесе конечната одлука.

Претходно, пред одржувањето на Централното собрание, Таравари во изјава за една национална телевизија рече дека поканата за влез во Владата ќе ја прифатат само за сериозна борба против корупцијата и ако постојат шанси да се обезбедат 80 пратеници за уставни измени

Tags: Димитар КовачевскиКлубот на пратенициСДСМ
Next Post

(ФОТО) Сите лица на Христијан Пендиков

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk