ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ може да ги користи замрзнатите средства на Руската банка за обнова на Украина

January 26, 2023 16:28
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На земјите-членки на ЕУ им е кажано дека Унијата има законско овластување привремено да користи најмалку 33,8 милијарди евра од замрзнатите средства на Руската централна банка за да помогне во обновата на Украина, објави денеска Блумберг повикувајќи се на неименувани извори.

Изворите посочуваат дека Правната служба на Советот на ЕУ им соопштила на амбасадорите на Унијата дека тоа е законски изводливо, се додека имотот не е експроприран и доколку се исполнети одредени услови.

Според тие извори, користењето на замрзнатите средства на руската банка подразбира утврдување на датумот до кога тие ќе бидат искористени за обнова на Украина, обезбедување ликвидни средства, како и фактот дека главницата и каматата мора да да бидат вратени во Русија во одреден момент.

Правниците на ЕУ појаснуваат дека доколку има загуба додека Унијата управува со руските средства, компензацијата ќе треба да се обезбеди преку буџетот на Унијата или од земјите-членки.

ЕУ ги истражува можностите за користење замрзнати руски средства што се привремено конфискувани врз основа на санкциите што Унијата и ги воведе на Русија поради нападот врз Украина, а дискусиите по прашањето се само во почетна фаза.

Претставниците на ЕУ и на одделни земји-членки се загрижени, бидејќи е неопходно да се најде правна оправданост за таквиот потег, особено за користењето на замрзнатите средства на Руската централна банка.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека сака да ја натера Русија да плати за она што го уништи во инвазијата со „замрзнатите средства на олигарсите и средствата на нејзината централна банка“.

Официјални лица од Групата седум (Г7) и ЕУ рекоа дека не постои јасна правна основа за едноставно конфискација на имотот на руската банка и нивно пренасочување во Украина.

Наместо тоа, како прв чекор ЕУ размислува за здружување на средства на ниво на ЕУ или на меѓународно ниво, за да генерира приходи што би можеле да се искористат за финансирање на обновата на Украина – задача за која Светската банка процени дека може да чини најмалку 350 милијарди долари.

Според некои проценки, средствата на руската централна банка замрзнати во странство изнесуваат 300 милијарди долари.

Претставниците на ЕУ проценуваат дека околу 33,8 милијарди евра се депозити во Унијата, иако се уште се вршат проценки околу сумата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БлумбергЕУРуска централна банкаСоветот на ЕУУкраина
Next Post

Борел: Со сеќавање на жртвите од минатото да се спречат нови злосторства

НАЈНОВО

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk