ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама негира поврзаност со аферата, бизнисот бил уште од времето на Бериша, на повидок спроведување на сите точки од договорите за Србија и Косово

January 26, 2023 11:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија продолжува медиумскиот интерес за наводната афера, односно поврзаност на Еди Рама со уапсениот поранешен шеф на контраразузнавање на ФБИ, а на виделина излегоа документи дека Мекгонигал водел бизнис во Тирана уште од времето на Бериша. Денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа обработува уште неколку теми од албанските медиуми во регионот, а се однесуваат на Косово и Северна Македонија.

ЛАЈМИ НЕТ -Рама: Немам никаква врска со истрагите за Мекгонигал

„Еди Рама признава дека неколку пати се сретнал со Чарлс Мекгонигал, поранешниот шеф на канцеларијата за контраразузнавање на ФБИ и дека ќе продолжи да се среќава со секој висок функционер на ФБИ, но категорично ги негира обвинувањата упатени во Тирана од опозицијата за вмешаност во случаите за кои е обвинет во САД.“, пренесе албанскиот портал Лајми Нет.

ТОП ЧАНЕЛ: Врската на поранешниот шеф на ФБИ со неговите двајца партнери од Тропоја во компанијата се отвори во Тирана, бизнис уште од времето на Бериша!

„Документите за регистрација на компанија во Албанија покажуваат дека поранешниот висок функционер на ФБИ, Чарлс Мекгонигал, кој беше уапсен во Њујорк, е во Албанија како деловен администратор од 2007 година, во времето кога владата ја предводеше Сали Бериша.“, се вели меѓу другото во напис во албанскиот медиум Топ Чанел.

ТЕЛЕГРАФИ: Лајчак по средбата со Курти: Се договоривме дека мора да се спроведат сите договори

„Се вратив денеска во Косово за да ги продолжам моите искрени, отворени и интензивни дискусии со премиерот Албин Курти и заменикот премиер Бесник Бислими, за понатамошните чекори и патот напред за нормализација на односите со Србија. Исто така, се сложивме дека  сите поранешни договори од дијалогот, треба да се спроведат целосно. “, напиша Лајчак на Твитер, пренесе косовскиот медиум Телеграфи.

ПАНОРАМА: Албански книги за Битола /Иницијатива на албанска студентка за отворање  библиотека во куќата во која се родила азбуката на албанскиот јазик

„Иако градот Битола во Северна Македонија е домот каде е воспоставена азбуката на албанскиот јазик, таму нема библиотека со албански книги.

Иницијативата ја презеде студентката Емира Селими преку социјалните мрежи, преку која ги повика Албанците да придонесат. Таа рече дека со години се спречува отворањето на гимназија на албански јазик.“ пренесе дневникот Панорама.

БОТА СОТ: Експериментот, Асоцијацијата/Заедницата…!

„Според документот потпишан во Брисел, експериментот наречен Асоцијација/Заедница на општини со српско мнозинство, не е претставен како меѓудржавен „договор“, бидејќи Србија не ја признала државата Косово! НО, експериментот наречен Асоцијација/Заедница … не е ниту меѓународен!?, затоа што Косово е земја која не е членка на ООН…“, извадок од анализата „Експериментот, Асоцијацијата/Заедницата …!“, од Шќиприм Пула, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: Еди РамаКосово и Северна МакедонијаМекгонигалРамаФБИ
Next Post

Преговори со Москва нема да има додека не се повлечат руските сили од Украина, изјави Зеленски

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk