ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ковачевски: Го штитиме и афирмираме нашиот посебен македонски национален идентитет

January 26, 2023 15:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваме со заштита и грижа за културното и историското наследство. Оваа Влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик и дома и во светот со што го штитиме и афирмираме и нашиот посебен македонски национален идентитет, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на пратенички прашања.

И покрај кризата, напомена Ковачевски, не само што се одржа трендот на успешно спроведување на зацртаните активности во културата, туку се планираат и повеќе средства.

Осврнувајќи се на конкретни проекти, тој најави дека годинава ќе продолжи работата на Скопскиот аквадукт и на црквата во Курбиново, позната по најстарото сочувано ѕидно сликарство, кое претставува несекојдневен пример на византиската уметност од крајот на XII век, но ќе почне и целосната реконструкција и санација на Музејот на Република Северна Македонија.

-И оваа, 2023 година е обезбеден континуитет на реализацијата на програмите и проектите во културните установи, на платите на вработените во културата и на заштитата на културно-историското наследство. Направивме структурни измени во буџетот за 2023 година, со што се предвидени еден милион евра повеќе за плати во културата за разлика од минатата година, додека се зголемени и блок-дотациите за општините од 6 на 6,5 милиони евра поради зголемување на платите на вработените и на материјалните трошоци во локалните установи од областа на културата, како и капиталните дотации за општините од еден на 20 милиони денари. Исто така,како последица на зголемувањето на цената на енергенсите на светските берзи, се предвидени 6,85 отсто од вкупниот буџет за културата да биде наменет за комунални услуги за установите од областа на културата за разлика од лани кога за тоа биле одвоени 3,93 проценти. Во 2023 година средствата за субвенции и трансфери ќе изнесуваат 12,5 милиони евра до општините, рече премиерот.

Според него, реализацијата на вкупниот буџет на Министерството за култура за 2022 година е над 95 отсто и сите финансиски обврски за 2022 година се реализирани и се платени.

-Во 2023 година почнува целосна реконструкција и санација на Музејот на Република Северна Македонија каде што се наоѓаат етнолошката, археолошката и историската поставка на државата и бесценетата галерија на икони. Оваа колекција е најмногубројна од овој вид во државава и содржи повеќе од 400 икони, кои потекнуваат од почетокот на XIV век до средината на XX век. На овој начин обезбедуваме негова достоинствена заштита, како што прилега на институција од ваков вид, соопшти Ковачевски во одговор на прашање од пратеничката Лидија Тасевска.

Tags: Димитар Ковачевскинационален идентитетСобрание
Next Post

Ковачевски: Потребен е политички консензус за преговорите со ЕУ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk