„Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите. Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Реџеп Таип Ердоган за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените“, во објава на Фејсбук истакна премиерот Димитар Ковачевски.
Според последните податоци, најмалку 912 луѓе загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, остро ревидирајќи ги претходните бројки.
Тој додаде дека во земјотресот се повредени 5.383 луѓе.
Со најмалку 326 луѓе кои загинаа во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, ова го става бројот на загинати во најмоќниот потрес во регионот во речиси еден век на повеќе од 1.200.
J. Ѓ.