ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Ќе испратиме помош и за Сирија

February 7, 2023 15:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека државава ќе испрати помош и за Сирија по разорниот земјотрес со којшто беа зафатени со Турција, а за која Владата вчера на итна седница веќе донесена одлука да испрати  помош. 

-Нашето Министерство за надворешни работи веќе комуницира и со колегите од Сирија за да видиме што можеме и таму да испратиме како помош, кои се нивните потреби. Штом ќе можеме да идентификуваме кои би биле потребите, согласно нашите можности, тогаш се разбира дека и Сирија е држава која ќе биде помогната од наша страна, рече Ковачевски, на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Посочувајќи дека Владата вчера донесе одлука за испраќање парична помош за Турција, како и војници кои ќе учествуваат во расчистување и пронаоѓање на луѓе заробени во урнатините најави дека ќе бидат испратени и дополнителни професионалци од институциите задолжени за справување со кризи. -Дваесет и двајца војници веќе се на пат со сета потребна опрема и возила. И Министерството за здравство веќе ги комплетира потребите кои може да се испратат, рече Ковачевски.

Ние, посочи, најдобро знаеме што е солидарност, а за тоа сведочат голем број улици што носат имиња на главни градови на држави кои помогнале на Скопје и целата држава после катастрофалниот земјотрес.

Со одлуката на Владат, како помош за Турција се испраќаат 24 припадници на Дваесет Армијата, меѓу кои и две лица водачи на службени кучиња со кучиња, 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила. 

Од Дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица – припадници на републичките сили за заштита и спасување, со комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Министерството за финансии, пак, е задолжено до Владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес. Задолженија има и до други институции меѓу кои и до Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови. За утре е најавена седница и на Советот на Град Скопје за одлука во однос на помошта што ќе биде испратена за настраданите региони од земјотресот. 

Во вчерашниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, според последните податоци, во Турција  загинале 3 549 лица, а повредени се 22 168, додека во Сирија загинале 1 622 лица,  а повеќе од 3 600 се повредени.

Tags: Димитар КовачевскиСирија
Next Post

Руски гранати запалија станбени згради и болница во Вовчанск

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk