ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски на средба со Абазовиќ ги пренесе придобивките од Отворен Балкан

February 13, 2023 17:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска престојува во посета на Црна Гора, каде оствари средба со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и вицепремиерот и министер за земјоделство, Владимир Јоковиќ, информираат од МЗШВ.

Од Министерството истакнуваат дека целта на посетата е споделување на нашата успешна ИПАРД приказна и придобивките од иницијативата Отворен Балкан.

Министерот Николовски посочи дека нашата земја е подготвена да и помогне на Црна Гора во посилно повлекување на средства од ЕУ фондовите, преку споделување на нашите искуства за успешноста на ИПАРД 2 програмата.

– Северна Македонија и Црна Гора немаат никакви отворени прашања, но имаат огромен простор да ја зголемат соработката, комуникацијата и испораката на резултатите кон граѓаните. Токму затоа денеска разговаравме и со потпретседателот и со премиерот Абазовиќ на две теми, шампионската улога на Северна Македонија во искористеноста на ИПАРД 2 средствата во износ од 60 милиони евра односно 98 отсто од целокупниот буџет и со реализирани над 2000 договори, изјави министерот Николовски.

Абазовиќ истакна дека посетата на Николовски е дополнителен импулс за посилна соработка помеѓу нашите земји, особено во земјоделскиот сектор и производството на храна.

– Покрај туризмот и енергетиката, земјоделството е со најзначаен потенцијал за експанзија. Целта ни е максимално да ја искористиме таа можност во наредниот период, изјавил премиерот Абазовиќ, известуваат од МЗШВ.

Црногорскиот министер за земјоделство, Јоковиќ, кој е иницијатор на денешната средба, упати благодарност до Николовски за пренесување на нашето искуство.

– Северна Македонија е регионален пример во поглед на искористеноста на фондовите од ЕУ за развој на земјоделството и поттикнување на производството. Црна Гора сака да ги усвои и примени македонските добри практики. Благодарни сме на македонските пријатели на подготвеноста да не поддржат, изјави Јоковиќ.

Втората тема на која се разговараше денеска беше иницијативата Отворен Балкан.

– Верувам дека во многу скоро време Црна Гора ќе биде новата земја членка на Open Balkan и дека граѓаните на Црна Гора ќе ги осетат и ќе ги добијат придобивките коишто ги имаат сега македонските граѓаните и граѓаните на Албанија и на Србија, нагласи министерот Николовски и при тоа ги образложи сите позитивни резултати од отворените граници како и идните планови за нови иницијативи кои уште повеќе ги доближат земјите членки кон остварување на нови придобивки. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ИПАРДЉупчо НиколовскиЉупчо НиколовскиМинистерот за земјоделствоМинистер за земјоделствоОтворен БалканЦрна Горашумарство и водостопанство

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk