ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Герасимовски бара Арсовска да го реши проблемот со потпорниот ѕид на Калето, од Градот велат не се надлежни

February 14, 2023 14:47
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпорен ѕид, кој е дел од скалите кои водат од улицата Лазар Личеноски до локацијата на Француски гробишта и Амбасадата на САД во Скопје, е оштетен, а за неговата нестабилност стигнале укажувања до Општина Центар од граѓани.

-Ингеренции и надлежности во овој случај нема Општина Центар поради што и не смее да постапи, но со оглед на сериозноста на работите Општина Центар испрати допис до Градот Скопје кој согласно надлежностите го повикавме да направи увид и го реши проблемот, сподели градоначалникот Герасимовски.

Од Град Скопје се огласија по повод одржувањето на Скопско Кале, каде како што соопштија од општина Центар, е оштетен потпорен ѕид.

-Во врска со половичната информација, а во врска со надлежностите за одржување на Скопското Кале, градот Скопје до овој момент нема добиено никаков допис од ниту една институција – следствено, до овој момент немаме добиено допис ниту од општина Центар. Што се однесува до надлежностите, за Скопското Кале единствено одговорност има Националната Установа Конзерваторски центар. Надлежностите на градот завршуваат со коловозот и тротоарите на ул. Лазар Личеноски, велат од Ггад Скопје.

-Бидејќи до овој момент до градот Скопје нема пристигнато никаков допис во врска со потпорниот ѕид на Скопското Кале на страната на ул.Лазар Личеноски, ги упатуваме од општина Центар да се приклучат на дописот на градот Скопје до Министерството за Култура и НУ „Конзерваторски Центар“, појаснуваат од Град Скопје.

Tags: Град СкопјеКалеОпштина ЦентарПотпорен ѕид
Next Post

Американскиот секретар за одбрана, Остин: Ќе ѝ помогнеме на Украина да напредува за време на пролетната контраофанзива

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk