Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел денеска најави дека ќе достави до земјите-членки на Унијата список со предлози за санкционирање на речиси 100 дополнителни лица и субјекти од Русија „поради нивната улога во поткопувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, како и против одговорни за воени активности, политички одлуки, пропаганда и дезинформации.
Тој предложи да се воведат санкции за медиумски организации, поединци и организации што „го контаминираат јавниот простор со дезинформации и злонамерни наративи“, придонесувајќи за воена и информативна војна.
Исто така, Борел предложи проширување на санкциите за таканаречените судии во четирите незаконски анектирани украински региони – Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје, бидејќи, како што рече, тие им даваат „лажен легитимитет на руските владетели и нивните незаконски одлуки“.