Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја отфрли можноста за откажување од било која територија на неговата земја за потенцијален мировен договор со Русија.
Зеленски ова го изјави во интервју за Би-Би-Си, пренесува Укринформ.
„Го избравме овој пат. Сакаме безбедносни гаранции. Секој територијален компромис ќе не направи послаби како држава“, нагласи тој.
Според Зеленски, денес опстанокот за Украинците е единство, додека западното оружје ќе го доближи мирот.
Шефот на државата истакна и дека Украина нема да прави територијални компромиси со Русија, особено со Путин, кому воопшто не му се верува.
„Прашањето е со кого? Со Путин? Не. Затоа што нема доверба. Дијалог со него? Не. Затоа што нема доверба“, рече Зеленски.
Како што објави Укринформ, во своето традиционално вечерно обраќање, Володимир Зеленски ги истакна приоритетите за Украина.
Подготви: А. Р.