ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Оформен предмет за Даравелски – се чека закажување на рочиште во Кривичен

February 21, 2023 15:39
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Повторување на постапка за поранешниот директор на Царина Драган Даравелски е дозволено. Оформен е предмет, и ќе видиме, ќе се цени дали има пречки за водење на постапката, а тоа е застареност на делото. Ќе видиме, но сега за сега се чека да се закаже рочиште, па ќе видиме, велат од Основниот кривичен суд.

Од Основниот кривичен суд, денеска на брифинг со медиуми, во однос на случајот со Даравелски, посочуваат дека одлуката е согласно вториот протокол на Европската конвенција за екстрадиција, согласно што нашата држава дала гаранција на правото за повторно судење во 2015 година, кога бил приведен во Белград и било побарано негова екстрадиција.

– Ставот два од истиот член упатува вели дека „кога замолената страна ќе го извести лицето за кое што е побарана екстрадиција, за тоа дека е донесена пресуда во негово отсуство, ова известување страната молител нема да го смета за формална нотификација“. Тоа значи дека не тече рокот од една година, иако сите знаеме дека бил во притвор, знаел и бил известен за пресудата, појаснуваат од Кривичен суд.

Двата услови, посочуваат од Кривичен суд, се исполнети во член 456 – Повторување на постапка на лице судено во отсуство од Законот за кривична постапка од 2013 година, кој што го применуваме.

Ставот 1 од член 456 гласи „Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство, ќе се повтори и надвор од условите предвидени во членот 364 од овој закон, ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“, додека став 2 од истиот член гласи „надвор од случаите предвидени во ставот (1) на овој член судот во секој случај ќе дозволи повторување на постапката, доколку против лицето осудено во отсуство во тек е постапка за екстрадиција и доколку државата во која се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно судење во негово присуство“.

Ова истото, посочуваат од Кривичен, е во однос и на аболицијата.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година.

Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

Тој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија.

Tags: ДаравелскиКривиченрочиште
Next Post

„Борбата не престанува“: „Сите за МКЦ“ со петиција до Град Скопје

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk