ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина 365. ден: 300 Руси осомничени за воени злосторства; интензивно гранатирање на Харкив; Шведска испраќа тенкови Леопард

February 23, 2023 17:10
in ON THE HOUR, PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Ден пред годишнината од руската инвазија. Украина е во 365. ден војна.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Едногодишен времеплов на руската инвазија врз Украина. Земјата измина долг пат од почетокот на целосната инвазија на Русија на 24 февруари 2022 година. Од руската окупација на речиси 30% од територијата на Украина во февруари до понижувачките порази на Русија на север и на југ, од двоумењето на Западот да му обезбеди оружје на Кијив до ветувањето стотици модерни тенкови, од сомнежите на целиот свет за самите шанси на Украина до преживее до глобалното восхитување на храброста на украинскиот народ – оваа година засекогаш ги промени Украина и светот.

Генерално собрание на ОН

Во пресрет на првата годишнина од руската инвазија, Украина и Русија лобираат меѓу земјите во ОН за поддршка пред гласањето на Генералното собрание од 193 члена, за кое САД рекоа дека „ќе влезе во историјата“.

Жозеп Борел се обрати на Генералното собрание на ОН во Њујорк каде рече воената агресија на Русија против Украина има сериозни импликации врз целиот свет. Стабилен и траен мир во Украина е можен само во согласност со одредбите на Повелбата на ОН, со почитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет на која било земја членка на ОН.

Шефот на ОН Антонио Гутереш ја опиша руската инвазија на Украина како „навреда за нашата колективна совест“ и „кршење на меѓународното право“.

Обраќање на шефот на украинското МНР Дмитро Кулеба, на Генералното собрание на ОН каде ја презентираше нацрт-резолуцијата за траен мир во Украина.

Дипломатија

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска пристигна во Кијив за да ја изрази својата поддршка за Украина, ден пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Скајњуз изјави дека постојаното западно снабдување со муниција „не е одржливо“ на сегашното ниво бидејќи „потрошувачката е многу поголема“.

Шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон изјави дека неговата земја е отворена да испрати дел од своите борбени тенкови Леопард во Украина.

Шведското разузнавање соопшти дека Русија е најголема закана за земјата. Во предупредувањето, службата за безбедност SÄPO укажа на поагресивна Русија и раст на екстремизмот.

Анкета на Евробарометар покажува дека поддршката на граѓаните на ЕУ за Украина останува непроменета една година по почетокот на војната.

Француското МВР соопшти дека прифаќањето на украинските бегалци ги чинело 500 милиони евра за една година – пари потрошени главно за сместување и плаќање помош на околу 100.000 луѓе низ целата земја.

Г7 ја зголемува финансиската поддршка за Украина за 7 милијарди долари за 2023 година. Економската поддршка на блокот оваа година е зголемена на 39 милијарди долари (32 милијарди фунти) од нејзиното првично ветување од 32 милијарди долари (26 милијарди фунти), објавено на крајот на 2022 година.

Повеќето украински бегалци кои пристигнале во Белгија останале во земјата, односно деведесет отсто од вкупниот број, според бројките цитирани во локалните медиуми една година по почетокот на војната во Украина.

Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека во наредните месеци САД ќе ѝ дадат на Украина нова економска помош која ќе изнесува 10 милијарди долари.

На фронтот

Русија интензивно гранатира области во Харкив, луѓе се заробени под купишта урнатини, а најмалку две жени се повредени за време на руското гранатирање.

Речиси 300 осомничени за воени злосторства се обвинети во Украина од почетокот на војната – од кои 26 се веќе судени и осудени. Досега Украина има регистрирано 71.000 воени злосторства.

За една година војна во Украина, Русите извршиле 8.500 ракетни и воздушни напади.

Година дена потоа, новинарите се уште се на првата линија на фронтот во Украина. За една година „12.000 украински и странски новинари беа акредитирани за известување, што е голема бројка“, изјави Жана Кавелиер од Репортери без граници (РСФ), додавајќи дека „теренот е многу достапен за редакциите, особено за европските.”

Украинската војска одбила 90 руски напади во изминатите 24 часа во североисточна и источна Украина.

Силна експлозија во Кијив. Предупредувањето за воздушен напад беше вклучено неколку минути пред експлозијата.

Руските сили подготвуваат офанзива во близина на Вуледар и покрај неуспесите во областа.

 

Tags: Војна во УкраинаИнвазија врз УкраинаРуска агресијаУкраина
Next Post

Ковачевски до опозицијата: И оваа година ја започнавте со лаги, ниту вие имате 61 пратеник, ниту има ново мнозинство

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk