ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џафери од Конференцијата, „Украина – година на хероизмот“: Сите заедно, онолку колку можеме, онака како можеме даваме поддршка за Украина и украинскиот народ

February 24, 2023 12:14
in АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето обраќање на Конференцијата, „Украина – година на хероизмот“, по повод една година од целосната агресија на Руската федерација врз Украина, истакна дека  никој не мислеше дека овој конфликт ќе трае долго и затоа, сите заедно, онолку колку можеме, онака како можеме даваме поддршка за Украина и украинскиот народ.

Претседателот на Собранието изрази уверување дека ниту еден конфликт, ниту една одбрана немала подобро организирана воена, морална и секаква друга поддршка, дури и вербална, глобално. При тоа, покрај ангажираната воена помош со технолошки напредна софистицирана опрема, мислам и на посетите на исклучително високите и влијателни државници кои ја посетија Украина, реализираа средби со украинскиот претседател Зеленски, со претседателот на Врховната Рада Стефанчук и други раководни структури.

Јас сум прв претседател на Собрание од регионот кој што отиде во Украина, за лично и институционално да ја изразам поддршката за украинскиот народ и институции. Со оглед на моето воено минато, човек би рекол дека ништо не може да ме изненади. Меѓутоа, не е така! Човек никогаш не може да биде доволно подготвен за суровоста на другиот човек. Соочен со бројот на загубените животи, разрушената инфраструктура и влегувањето на Украина во една целосно поинаква димензија на егзистенција, се обврзав дека ќе се заложам за помош со сета моја моќ. Истовремено, восхитен од храброста, посветеноста, пожртвуваноста и смиреноста на украинските водачи и граѓани, истрајни во праведната борба за слобода, подвлече Џафери,

Тој исто така потсети дека претходно, во март 2022 година Собранието на Република Северна Македонија ја усвои „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“. Покрај тоа, се приклучивме кон сите резолуции и иницијативи со кои се побара од Русија да престане со употреба на сила во Украина и да ја повлече својата војска. Се приклучивме и кон сите рестриктивни мерки и санкции на Европската унија кон Руската Федерација.

Како држава, учествувавме и на првиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа каде се промовираше парламентарната димензија на Платформата. Тоа е заеднички напор на меѓународната заедница за застанување на патот на растечките безбедносни закани кои имаат тенденција да заземат непосакувани размери, рече Џафери.

Тој потсети и на активноста во Собранието, Изложбата за Гладоморот „Украина се сеќава, светот признава“ која беше уште еден жален потсетник за суровоста на агресорот, кој повторно е истиот. Безброј жртви, жени, деца, старци уништени на систематски начин, со глад. Без трунка совест и одговорност кон правото на секој човек, без исклучок,  да живее и да остари по природен пат.

Џафери се осврна и на изјавата на  Путин дека наводно, Русија само се бранела и дека Русија сакала да постигне договор по мирен пат но, Западот не го дозволува тоа со тоа што и дава поддршка на Украина. Патот за постигнување на мир е еден и за тоа треба да се седне на маса еден наспроти друг во разговор без ракавици, на рамна основа. И тоа, колку порано, толку подобро! Мирен договор не се постигнува кога го гледаш противникот низ нишанот на оружјето.  Со секој одминат ден, се подлабоки се раните, се повеќе се разгорува огнот и се разјарува гневот. Доста е! Нема повеќе време за губење! Сега повеќе од кога било се потврдува колку е значајно проширувањето на Европската унија и со земјите од Западен Балкан за безбедноста, стабилноста и демократската консолидација на Европскиот континент.

Почитувани присутни, да не дозволиме да се претвори сè во пепел, премногу сме вложиле и сме жртвувале, ние, нашите предци, нивните предци. Злото многу брзо може да затропа на сечија врата, затоа што на овој или на оној начин, ефектот се рефлектира на сиот свет, без разлика, порача Џафери на крајот од обраќањето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Талат ЏафериЦИВИЛ Медиа
Next Post

Дерала: Украина стои, демократијата стои, борбата за слобода продолжува

НАЈНОВО

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025
Фото скриншот

Мицкоски за директорот со кокаин вели имал момент на слабост и било негова приватна работа

October 14, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk