ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Гир: Северна Македонија покажа примерно морално лидерство со целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ за Русија

February 24, 2023 15:04
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Масовни убиства, мачење, силување, киднапирања, депортации, грабежи, уништена инфраструктура која остави милиони луѓе без греење, вода и струја среде зима. Во 21 век имаше 365 дена страдање, страв и криза во Украина со ефекти низ цела Европа и во целиот свет, но и 365 дена извонреден украински отпор и храброст, кои ги почитуваме додека жалиме по загинатите и изразуваме солидарност со оние кои ги загубија своите најблиски и нивните домови, рече Амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Дејвид Гир на денешната конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

-24 февруари 2022 година секогаш ќе се памети како денот кога Русија ја започна својата брутална, неиспровоцирана и незаконска инвазија на Украина. Ова беше и останува случај на чиста агресија и јасно прекршување на Повелбата на ОН.  И ова не е само агресија против Украина, тоа е закана за демократијата во светот и до сите земји. Бидејќи она што е во прашање е нивниот суверенитет – нивното право да одлучуваат за својата и за иднината на своите деца, додаде тој.

Според Гир Повелбата на ОН мора да биде заштитена според која  Украина, како жртва на агресија, има вродено право да се брани.

-За ЕУ и нашите партнери, вклучително и Северна Македонија, нема алтернатива за останување на курсот на нашата „тројна стратегија“: поддршка на Украина, вршење притисок врз Русија да престане со нејзината нелегална агресија и помагање на остатокот од светот да се справи со поширокото влијание на војната. ЕУ ќе остане одлучна и обединета во својата поддршка за украинскиот народ на сите фронтови: хуманитарен, економски, политички, дипломатски и воен. Украина мора да победи. А европската безбедност е заштитена, додаде Гир.

Тој појасни дека тимот Европа досега има мобилизирано 50 милијарди евра за поддршка на Украина, вклучително и воена помош. Да, за прв пат досега, ЕУ испорача оружје на земја која е нападната. И ЕУ сега е водечки снабдувач на воена обука за украинскиот воен персонал за да можат да ја бранат својата земја.

ЕУ нуди многу значајна макрофинансиска и хуманитарна помош за поддршка на украинскиот народ. И решивме позитивно да одговориме на барањето на Украина за пристапување во ЕУ. Конечно, работиме на барање одговорност за воените злосторства што ги изврши Русија,  и со помагагаме да се формира Меѓународен центар за гонење на кривично дело агресија против Украина, рече Гир.

Според него паралелно, ЕУ и нејзините партнери усвоија санкции без преседан против Русија дасе намали нашата зависност од руските фосилни горива. И во тесна соработка со клучните партнери ги намаливме за 50% приходите од енергија што Кремљ ги добиваше за финансирање на својата агресија.

-Работејќи заедно, ги ублаживме и глобалните бранови ефекти со опаѓање на цените на храната и енергијата, делумно благодарение на нашите патеки за солидарност и на иницијативата за пренос на житото преку Црното море. Друга кампања на која мора да се спротивставиме е руската информативна војна. Нејзината агресивна воена пропаганда и дезинформации вклучуваат оправдување или негирање на злосторствата, нормализирање на окупацијата и префрлање на вината за инфлацијата, кризите со храна и енергија на земјите кои ја поддржуваат Украина, додава тој.

Гир посочи дека сведоци сме и на ефектите од руската пропаганда на Западен Балкан. Вклучувајќи и загрижувачко присуство на дезинформации во Северна Македонија. Затоа ЕУ работи со партнерите, особено со нашите идни земји-членки, за да се спротивстави на оваа закана. Ова значи дополнителна поддршка за слободата на медиумите и политичкиот плурализам. Но, тоа значи и дека медиумите имаат одговорност да обезбедат објективни информации на својата публика и на тој начин да ја зајакнат општествената отпорност на манипулации.

Овде би се потсетил на зборовите на водечкиот воен дописник на Си-Ен-Ен, Кристијан Аманпур, дека објективноста не значи да се биде неутрален ако тоа создава лажна морална или фактичка еквиваленција; дека новинарите никогаш не треба да ја третираат жртвата исто како и агресорот; и дека во известувањето за војна е важно да се биде вистинито, а не неутрално.Со цел да покаже дека ЕУ и регионот се во ова заедно, ЕУ работи со Западен Балкан за да го намали негативното влијание што произлегува од руската војна врз Украина во однос на економијата, енергијата и безбедноста на храната. Само за Северна Македонија, ЕУ обезбедува 80 милиони евра за да помогне во ублажување на влијанието на зголемените цени на енергијата врз граѓаните, макрофинансиска помош, како и дел од дополнителните 500 милиони евра за Западен Балкан како дел од нејзиниот енергетски пакет, рече Гир.

Тој порача дека ЕУ, нејзините земји-членки и оние партнери во регионот, со перспектива за членство во ЕУ, имаат одговорност да ја спроведат визијата за Унијата, а ова значи дека ЕУ и Западен Балкан треба да застанат заедно во одбрана на нашите заеднички вредности и меѓународниот поредок заснован на правила.

-Северна Македонија покажа примерно морално лидерство со целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ за Русија. И веќе прави значителни напори, во овој поглед, како претседавач со ОБСЕ. Работејќи заедно, имаме шанса да го вратиме мирот во Европа. И да се фокусираме на создавање просперитет за сите граѓани. Ова значи градење поотпорни и инклузивни општества и економии, развој и заштита на нашите демократии и зајакнување на социјалната кохезија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГирЕУКонференцијаУкраинаЦИВИЛ

НАЈНОВО

Љутков: Наследивме култура со долгови, без стратегија и девастирани институции, денес зборуваме за целосно ресетирање и рестартирање

July 4, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Владата на Мицкоски го жртвува македонскиот јазик за политички поени

July 4, 2025

(ВИДЕО) Студентите со нови тактики во трка со српската жандармерија, блокади низ цела Србија

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk