Русија загрижена поради необјаснетите експлозии кои се случуваат во зоната што претходно ја проценуваше како надвор од опсегот на украинските ударни способности. Ова го соопшти британското Министерство за одбрана во својата објава на Твитер, пренесува Укринформ.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 27 February 2023
Find out more about Defence Intelligence: https://t.co/Cg1AlRQ2SI
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/0cX28D5RdE
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) February 27, 2023
Од 21 февруари 2023 година, проруските власти пријавиле најмалку 14 експлозии околу градот Мариупол, окупиран од Русија, се вели во ажурирањето.
Местата на инцидентите вклучуваат складиште за муниција на аеродромот, две складишта за гориво и челичарница што Русија ја користи како воена база. Мариупол се наоѓа на најмалку 80 километри оддалеченост од линијата на фронтот.
„Иако беше широко уништен порано во војната, Мариупол е важен за Русија бидејќи е најголемиот град што Русија го зазеде во 2022 година и кој сè уште го контролира и се наоѓа на клучната логистичка рута“, соопшти Министерството.
Подготви: А. Р.