Претседателот на Украина Володимир Зеленски се сретна со американската министерка за финансии Џенет Јелен, која е во посета на Украина, соопшти прес-службата на Зеленски.
„САД силно нè поддржуваат уште од првите денови на оваа војна не само со оружје, туку и на финансиски план. Навистина го цениме тоа“, нагласи претседателот.
Зеленски високо ја ценеше помошта што САД и ја пружија на Украина по почетокот на целосната руска агресија.
Претседателот ја истакна одлуката на американската администрација објавена на 24 февруари да додели 9,9 милијарди американски долари директна буџетска поддршка за Украина во 2023 година. Володимир Зеленски истакна дека овие средства се исклучително важни, бидејќи и овозможуваат на Украина да го покрие нефинансираниот дел од државниот буџет и поддршка на сегментите од населението на кои тоа им е најпотребно.
Зеленски високо ја цени поддршката што ја даваат Соединетите држави со вклученоста на Меѓународниот монетарен фонд.
Забележано е дека за време на средбата било посветено внимание на моменталната состојба на соработката меѓу Украина и ММФ и изгледите за имплементација на програмите на Фондот.
Прашањето за обнова на украинската инфраструктура уништена од руската агресија беше дискутирано посебно. Беше нагласена важноста од вклучување на приватниот сектор во реализацијата на релевантните проекти. Володимир Зеленски ја истакна важноста од развивање механизми за насочување на запленетите руски средства за обнова на Украина.
Како што пренесува Укринформ, земјите од Г7 планираат до крајот на март да го решат прашањето за поддршка на Украина со средствата на Меѓународниот монетарен фонд.
Подготви: А. Р.