ВМРО-ДПМНЕ велеше дека имало незадоволни пратеници од СДСМ кои нема да гласаат за Владата и уставните измени, но тоа е исто како да кажат дека тие имаат 61 пратеник и актуелното мнозинство паднало, рече пратеникот на СДСМ Јован Митрески во гостувањето во ТВ21.
-Очекувам дека европскиот блок ќе расте во следниот период во Собранието, а како ќе се настапува на наредните парламентарни избори ќе видиме понатаму, рече Митрески одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека треба да се разговара која е алтернативата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и да се праша зошто би ги поддржала уставните измени после избори, а не сега.
-Излегуваат информации дека се даваат писмени гаранции до амбасади дека по парламентарни избори тие би ги гласале уставните измени, кажа Митрески.