Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Зошто повеќецевниот ракетниот фрлач на соопштенија за одбрана новинари, квазинивинари, хохштаплери и злосторници во новинарството (ЗНМ ССНМ, МАН, ВОЛВО, СКАНИА) не истрела ниту една обична или термобарична ракета од папира за одбрана на медиумите и новинарите кои се најдоа на удар на вмронскиот тенк број еден?
а) Не го прочитале статусот во кој тенкот се заканува дека ќе ги згази и медиумите и новинарите и ќе направи од нив белгиски вафли.
б) Не стигнале да му го покажат на тенкот своето соопштение.
ц) Низ кал до колена успеале да остварат средба со тенкот и сега чекаат тенкот да каже што мисли за нивното соопштение.
д) Според некои неофицијални информации од фронотот, тенкот ги отерал у курац.
е) Екипата на ракетниот фрлач смета дека е подобро да остави да бидат смачкани Џабир Дерала и некои медиуми отколку да се доведе во прашање битката за идентитетот, достоинството и слободата на македонскиот народ што тие, тенкот и ману/уким оркестарот и хистеризираното парче од обесмислената јавност ја водат против Европа, Бугарија, Америка и сите домашни предавници.
Молкот не ме изненади.
Повеќецевниот фрлач не е медиумска, туку политичкопартиска инсталација.
Со мал дострел.
Но смрдлив.
Многу смрдлив.
Текстот е личен став на Авторот.