Првиот вицепремиер, Артан Груби не ја исклучува можноста фракцијата на ДУИ, Алтернатива и Беса да соработуваат со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека таквата коалиција ќе биде погубна за албанските партии.
Смета дека тие партии ќе соработуваат со една антиалбанска и антиевропска партија, која не води сметка за интересите на земјата.
„Николоски сам рече дека во новата влада нема потреба од албанска партија, туку ќе имаат двајца-тројца Албанци, на кои ќе им дадат власт“, вели Груби во интервју за „Тв Шења“.
Тој е сигурен дека ВМРО се радува на раздорот во ДУИ и се сомнева дека тие се координираат за фракцијата на ДУИ за нападите против него.







