ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Додека на Балканот се водат жешки дебати за минатото во ЕУ се вжештува дебатата за иднината

March 7, 2023 12:37
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

И додека на Балканот се расправа за територии, историја, цркви….во ЕУ е актуелна и жешка една друга дебата која се однесува на иднината. Имено Германија како најголем производител на големите светски автомобилски брендови во последен момент го блокира новото законодавство во ЕУ за забрана на продажбата на нови автомобили што емитуваат CO2 од 2035 година.

Ова германска блокада во интерес на бизнисите на БМВ и Мерцедес во опаснот ја става целата стратегија на европскиот блок да стане климатски неутрален до 2050 година.

Забраната на ЕУ за мотори со согорување се чинеше завршена работа. И Европскиот парламент и земјите на ЕУ во Советот се согласија на закон со кој ќе се забрани продажбата на нови автомобили и комбиња што емитуваат CO2 од 2035 година, со што електричните возила требаше да станаат  норма. Министрите на ЕУ денеска  требаше да дадат конечно одобрение, но само ден претходно Германија го повлече својот глас ЗА.

Причината за ова германско изненадување се германските либерали, помал партнер во кабинетот на Шолц инаку традициоално близок до бизнис елитата во Германија. Либералите бараат Европската комисија да направи исклучок  во законодавството што ќе дозволи продажба на возила со мотори со согорување, се додека тие користат т.н. е-горива.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен се состана со германската влада во неделата за да изврши притисок но во понеделникот Шолц јасно стави до знаење дека Берлин не отстапува додека Комисијата не претстави предлог за вклучување на е-горивата во законодавството од 2035 година.

Овој неочекуван пресврт во спроведување на стратегијата за климатски неутрална Европа отвори простор за други земји членмки кои исто така имаа свои колебања . Италија, Полска и Бугарија, исто така изразија приговори за законот на ЕУ па сега нема да зачуди ако  Германија заедно со нив формира блокирачко малцинство што ја спречува ЕУ да го усвои мандатот за нулта емисија.

Сепак, не сите во Берлин сметаат дека тоа е добра идеја – особено Зелените кои исто така дел од владејачката коалиција.

„Секогаш е тешко кога наеднаш ќе излезеш со поинакво мислење во последните неколку метри од трката до целата“, се пожали пратеникот на Зелените Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за европски прашања на Бундестагот. „Со тоа, Германија ја коцка и довербата на европско ниво. Ова генерално не треба да се прави, без оглед на содржината на прашањето.

Расмус Андресен, пратеник на Зелените, исто така предупреди дека Берлин создава преседан што „сега ќе биде злоупотребен од другите земји на ЕУ, но и од актери во Европскиот парламент кои сакаат да се ослободат од Зелениот договор. Договорот меѓу Комисијата и германската влада сега станува клучен и многу политички релевантен“.

Андресен забележа дека Германија во минатото ги критикуваше земјите како Полска или Унгарија земање на ЕУ како заложник и закани дека ќе го блокираат законодавството во нивните битки со Брисел за владеењето на правото.

„Едноставно треба да разберете дека Германија, се разбира, не е која било земја, туку најголемата и економски најсилната земја-членка на ЕУ, кон која другите земји гледаат и секогаш до одреден степен се ориентираат“, рече тој. „И затоа ова е многу проблематично и може да доведе до фактот дека доверливоста – што е многу важна во европската демократија – ќе биде загарантирана малку помалку во иднина“. изјави Расмус Андресен, пратеник на Зелените.

Преземено од НоваТВ

Tags: ГерманијаЕУРасмус АндресенУрсула фон дер Лајен
Next Post

Груби: Владата го одобри договорот за Коридорот 8 и 10-Д

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk