Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников и премиерот на Шведска, Улф Кристерсон на средбата разговараа за прашањето за зајакнување на безбедноста во Европа.
„Разговаравме за актуелната ситуација во Украина и како да ја зајакнеме безбедноста во Европа заедно. Му се заблагодарив на премиерот за неговата невидена поддршка за борбата за слобода на Украина“, истакна Резников, објави Министерството за одбрана на Телеграм.
Тој имаше средби и со врховниот командант на шведските вооружени сили генерал Микаел Биден и министерот за надворешни работи Тобијас Билстром.
Резников беше во работна посета на Шведска и учествуваше на неформален состанок на министрите за одбрана на ЕУ.
Како што е соопштено, холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен нагласи дека на Украина очајно и е потребна муниција.
Подготви: А. Р.