Тројца цивили беа убиени откако руските сили гранатираа на станица за јавен превоз во градот Херсон.
Ова го напиша на Телеграм, шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак, пренесува Укринформ.
„Руските терористи утрото го гранатираа Херсон. Тие, меѓу другите објекти, погодија и станица за јавен превоз“, рече Јермак.
Како резултат на гранатирањето загинаа три лица.
Како што објави Укринформ, претходно првиот заменик-претседател на Регионалниот совет на Херсон, Јуриј Соболевски, информираше дека руските трупи го гранатираат центарот на Херсон.