Руските напаѓачи истрелаа проектил кон центарот на Краматорск рано на 14 март, при што загинаа најмалку еден, а беа повредени тројца цивили.
Ова го изјави Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк во објава на Телеграм и објави фотографии од уништувањето, пренесува Укринформ.
„Едно лице загина, а најмалку три се ранети во утринскиот ракетен напад врз Краматорск“, напиша тој.
На 13 март руските напаѓачи убиле тројца жители на регионот Доњецк и раниле 14 други.
Подготви: А. Р.