Украина денес се наоѓа во 387-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Политика
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не очекува војната во Украина наскоро да биде завршена. За германскиот бизнис дневен весник „Хандесблат“ канцеларот кажа дека Берлин ќе го поддржува Кијив се додека тоа биде потребно со пари и оружје.
Државите кои ја малтретираа Украина ќе одговараат кога војната ќе заврши, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Партнерите на Украина треба да и дадат воена поддршка до степен до кој може да ја протера Русија од целата нејзина територија, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за чешки ТВ канал.
Ќе дојде денот кога сите виновници за воени злосторства против Украинците ќе бидат изведени пред лицето на правдата во салите на Меѓународниот кривичен суд и националните судови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за BBC News Ukrainian изјави дека сега не е време Кина да ја вооружува Русија.
Европската унија ќе и обезбеди на Украина 1,5 милијарди евра како втора транша од пакетот макрофинансиска помош од 18 милијарди евра, изјави потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис.
Фронт
Во Авдиивка, регионот Донецк, во петокот наутро, руските напаѓачи со проектил Кх-59 погодија висококатница, во која сè уште живееја луѓе. Се утврдуваат информации за жртвите.
Руските напаѓачи пукаат во невооружени украински воени заробеници со уверување дека на крајот ќе ја избегнат одговорноста.
Руските војници во четвртокот на 16 март убиле двајца жители на регионот Донецк и раниле уште осуммина.
Воена помош
Владата на Словачка одобри да и се предаде на Украина серија од 13 борбени авиони МиГ-29 Фулкрум.
Одлуката на Полска да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина е „суверена одлука“ на таа земја, која нема да го охрабри американскиот претседател Џо Бајден да ги испрати своите борбени авиони Ф-16 во Украина, соопшти Белата куќа.
Подготви: А. Ристески