Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел по завршувањето на средбата во Охрид напиша на Твитер дека „има договор“.
We have a deal
Kosovo and Serbia have agreed on the Implementation Annex of the Agreement on the path to normalisation of relations
The parties have fully committed to honour all articles of the agreement and implement their respective obligations expediently and in good faith. pic.twitter.com/p3CUBdcd8A
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) March 18, 2023
Косово и Србија се договорија за Анексот за спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите, објави Борел.
Тој истакна дека двете страни целосно се обврзаа да ги почитуваат сите членови од договорот и да ги спроведат своите соодветни обврски целисходно и со добра волја.
По новата рунда на дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво во Охрид, Борел нагласи дека Косово и Србија ќе бидат обврзани со договорот кој ќе биде дел од нивниот европски пат.
Шефот на европската дипломатија рече и дека ЕУ „силно ќе бара страните да ги исполнат своите обврски“ од договорот и дека неисполнувањето на обврските ќе има последици.
Борел рече дека за да се имплементира членот 7 од договорот, Косово се согласи веднаш, и „навистина веднаш“ на преговори во рамките на дијалогот за воспоставување аранжмани и гаранции за обезбедување соодветна самоуправа за српската заедница на Косово.
Како што рече, страните се обврзале и да ја поддржат Декларацијата за исчезнати лица како што е преговарано во рамките на дијалогот како итно прашање.
Г. Т.