Сите имаме иста цел и најдобри намери кога станува збор за просперитетот, мирот и стабилноста на регионот. Денес е значаен ден за иднината на европската перспектива и одлична можност Западен Балкан да отвори нова страница во меѓусоседските односи, напиша на својот фејсбук-профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по пречекот на српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид.
Даваме силна поддршка за преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, за да се дојде до добро европско решение, истакна Маричиќ.
Тој нагласи дека се овозможени услови и атмосфера за средбата меѓу Курти и Вичиќ, со надеж дека ќе си заминат од земјава со добри вести.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, пристигнаа утрово во Охрид по што започна состанокот на високо ниво од дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската Унија.
Состанокот, којшто го свика високиот претставник за надворешна политика и заменик претседател на Европската Комисија Жозеп Борел, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за Србија и Косово Мирослав Лајчак започна со одделни билатерални средби со лидерите на Србија и Косово, по што е предвидена и заедничка трилатерална средба.
Г. Т.