ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средбата Рама – Сунак со имигрантите на средина; се одмотува клопчето околу скандалот со „Престиж ресорт“; Американската комора бара приклучување на Косово во „Отворен Балкан“

March 24, 2023 13:05
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На средбата на премиерите на Велика Британија и Албанија, Риши Сунак и Еди Рама, меѓу другото се договараше за составување заеднички тим за проценка на капацитетите на албанските затвори. Аферата со уривањето на „Престиж  ресорт“ добива нови контури – правната директорка на „Хисенбелиу груп“ вели дека лиценцата за градење ја издал Рама. По средбата во Охрид, Американската комора бара од Косово да се приклучи на „Отворен Балкан“.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

ТВ Клан – Опинион: Рама-Сунак, имигранти на средина!

„Премиерот Еди Рама и британскиот премиер Риши Сунак се согласија заеднички тим меѓу Велика Британија и Албанија да изврши проценка на капацитетите на албанските затвори, процес што ќе биде завршен до крајот на април со цел враќање во сите дефинирани албански државјани во затворскиот систем на Обединетото Кралство“, ова беше еден од договорите постигнати на средбата меѓу премиерот Рама и неговиот британски колега Риши Сунак во Лондон, за која, меѓу другото, пренесе албанската  ТВ Клан.

Балкан Веб: Од уривањето со тритол до конфискацијата во „Престиж ресорт“ / Правната  директорка на „Хисенбелиу груп“ : Градежната дозвола ја дал Рама паралелно со договорот за закуп …

„Правната директорка на „Хисенбелиу груп“, Фолијона Пуравели во студиото на емисијата „Лог“. на ТВ Панорама вели дека сите згради на „Престиж ресорт“ се лиценцирани, дури и онаа што се урна со тритол, но и двете што беа одземени пред два дена.

Пуравели направил и хронологија на историјата на одморалиштето, кое потекнува од 1996 година и до 2016 година кога градежната дозвола ја дал самиот премиер Рама.“, пренесе Балкан Веб.

КОСОВО

Коха: По Охридскиот договор, Американската комора бара Косово да се приклучи на „Отворен Балкан“

„Американската стопанска комора на Косово го поздрави договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, постигнат на 18 март во Охрид, Северна Македонија, и побара од Владата Косово да се приклучи на иницијативата на Албанија, Северна Македонија и Србија за заеднички регионален пазар.

„Американската комора силно верува дека договорот ќе отвори можности за економски развој на двете земји, подобрување на размената на стоки и услуги. Сè додека двете земји не ја потврдат посветеноста на спроведувањето на сите минати договори, Американската комора го повторува својот повик до Владата на Косово да се приклучи на иницијативата на Албанија, Северна Македонија и Србија за заеднички регионален пазар.“, пренесе Коха.

Газета Експрес -Амбасадорот Ховениер: Косово, шампион во верска слобода

„Чест ми е да се приклучам на персоналот на Амбасадата во Приштина на ифтар, по повод светиот месец Рамазан. Косово останува шампион на верската слобода, една од многуте важни вредности што ги применуваат нашите две земји“, напиша Ховениер на Твитер.“, пренесе косовскиот дневник Газета Експрес.

Епока е Ре: Пред 24 години НАТО го запре етничкото чистење на Косово

Потпретседателката на ПДК, Влора Читаку, потсети на 24-годишнината од интервенцијата на НАТО, нагласувајќи дека Алијансата дејствувала за човештвото и го запрела етничкото чистење на Косово, пренесе косовскиот портал Епока е Ре.

КОЛУМНА

ИНА – Скандалот „Маѓар Телеком“: отфрлена пресудата за Унгарците; Соучесниците од РМВ имаат ред да дадат сметка

„Согласно одлуката на американскиот регулатор (бидејќи немаше друг излез пред фактите на американската влада), Унгарците беа осудени, затоа што платиле милиони евра мито на највисоките функционери на владејачките партии, со цел да го задржат својот монопол на пазарот на мобилни телефони.

Но, ако некој е осуден за поткуп, здравиот разум бара сега да бидат казнети и оние кои го примиле овој поткуп. Иако не знаеме кој го иницирал овој коруптивен случај, тие што дале или тие што добиле, едно е сигурно: за танго се потребни двајца, па нема поткуп освен ако има две страни.“, извадок од колумната „Скандалот „Маѓар Телеком“: отфрлена пресудата за Унгарците; Соучесниците од РМВ имаат ред да дадат сметка“, од авторот Арбен Фетаи, објавена во македонската новинска агенција на албански јазик ИНА.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: Албански медиумиЕди Рамарегион
Next Post

Спасевска: Треба да се смени концептот на предавања и пренесување на знаењето

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk