„Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата“, соопштија утрово од СДСМ.
– ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржа ниту една одлука за зачленување на државата во ЕУ. Ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија.
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција на хаос и враќање назад. Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата, порачаа уште од Бихаќка.