Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Учителката: Ајде, дечиња, кој од вас ќе ни каже кој викаше “смрт на докторите” кога беше пандемијата?
Перо: Вмро, учителке.
Учителката: А знае ли некој кој викаше “Не отворај” кога беше референдумот?
Митре: Вмро, учителке.
Учителката: А “Уа, Европо!” кога ни ја дадоа преговарачката рамка?
Стевче: Вмро, учителке.
Учителката: Кој од вас знае кој викаше “Македонија е размакедончена”?
Марко: Вмро, учителке.
Учителката: Сигурна сум дека некој од вас знае кој викаше “Помор на македонскиот род” и “Холокауст”?
Кире: Вмро и претседателот на Ману, учителке.
Учителката: А кој викаше и вика не за Бугарите во Уставот?
Христијанчо: Вмро, учителке.
Учителката: А кој ги исфрли пратениците на опозицијата од Собранието?
Ангел: Вмро, учителке.
Учителката: А кој ни го направи Скопје 2014?
Аспарух: Вмро, учителке.
Учителката: А кој влезе во крвав пуч во Собранието?
Миле: Вмро, учителке.
Учителката: Што можеме да заклучиме од овие одговори, драги деца, можеме ли со два до четири збора да кажеме што, всушност, прави вмро за сите нас, за цела Македонија?
Децата: Јадат говна и серат памет, учителке.
Учителката: Ве обожавам, толку сте слатки, паметни и информирани.