ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо

March 24, 2023 11:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија. Тоа нè обврзува на заеднички заложби и за денешниот развој на македонистиката во Франција. И по овие 50 години, веќе да мислиме и да работиме заеднички на она што ќе се случува во следните 50. А за тоа, неопходно е заеднички да вложуваме во кадри кои ќе го продолжат развојот на македонистиката на ИНАЛКО.

Меѓу другото, ова го истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, на симпоиумот кој по повод половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз се одржа вчера на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО).

Во своето излагање, таа детално се осврна и на она што претставува овој Лекторат за врските меѓу македонската и француската културна и академска средина од неговото формирање па наваму и особено за афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Одделно ги акцентираше остварувањата и во првите години по отворањето на Лекторатот, меѓу кои се и Деновите на македонската култура одржани неколку години по отворањето на Лекторатот и значајните книжевни преводи од македонски на француски јазик остварени во тој период.

– Ова е показ дека многу се остварило веќе во првите години по отворањето на Лекторатот по македонски јазик на ИНАЛКО и дека токму тој Лекторат станува средишна точка на врските меѓу француската и македонската културна и академска средина, но и почетна точка на една нова ера на присуството на македонскиот јазик, литература и култура во Франција. Ама, тоа не е така само во тие, први години по отворањето на Лекторатот, туку и во децениите потоа, нагласи Мојсова-Чепишевска по деталното осврнување на постигнувањата за афирмација на македонистиката во француската средина во периодот по отворањето на Лекторатот.

Споредено со развојот во други европски академски средини, како што посочи директорката на МСМЈЛК при УКИМ, македонистиката на ИНАЛКО се развива со забрзано темпо. Притоа, студиите по македонистика на ИНАЛКО не само што покажуваат континуитет, туку насочуваат и кон развој. За присуството на странската македонистика во Европа, особено значајно е што сега, на овој Лекторат, македонскиот јазик се изучува како главен предмет и што студентите можат да се стекнат со дипломи на сите три нивоа, до докторат. Тука е и првата професорска катедра за македонистика надвор од нашата земја, на која наставата ја изведуваат проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро и сегашниот лектор, м-р Ѓоко Здравески, кој, како што нагласи Мојсова-Чепишевска, чекори по стапеките на првиот лектор, проф. д-р Алекса Попоски и на лекторите што по него се вложуваа во развојот на француската македонистика.

– Работата на овој македонистички центар е еден од вистинските примери како треба да се работи и на кој начин треба да го насочуваат својот развој и други лекторати и странски универзитетски центри каде се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура, нагласи Мојсова-Чепишевска и во своето излагање на ИНАЛКО.

Таа се осврна и на влогот на Ацо Шопов за воспоставувањето и развивањето на македонско-француските културни врски на современ план, заради кој на чествувањето на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик во Париз, одделно внимание се посвети и на делото на овој великан на македонската литература и култура, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Притоа потсети и на значајноста на неговите престои во Париз пред отворањето на Лекторатот, но и на остварувањата во годините потоа.

– Шопов е оној кој даде вистински влог во поврзувањето на двете култури – македонската и француската. Треба да имаме предвид и дека по објавувањето на збирката „Гледач во пепелта”, кога Шопов е амбасадор во Сенегал (1971-1975) и се среќава со Африка, не само што ја запознава африканската култура, туку преку францискиот јазик дава свој влог во франкофонијата… …Не треба да заборавиме и дека во неговата поетска книга „Дрво на ридот”, во која „Македонија е во светот, а светот во Македонија”, Шопов, токму со песната „Во еден од центрите на Париз” ни го остави и аманетот за врските меѓу македонската и француската култура, посочи Мојсова-Чепишевска.

На симпозиумот по повод 50 години од отворањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот – Лекторатот по македонски јазик во Париз, на ИНАЛКО имаше ученици од седум држави: странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети.

Заеднички со почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, македонските учесници ја испратија пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат. На Симпозиумот кој е и уште една потврда на добрата соработка меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ИНАЛКО се поттикнаа и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, кои се очекува да бидат значаен придонес во развојот на интересот за македонскиот јазик, литература и култура во француската и воопшто во европската академска и културна средина.

Tags: ИНАЛКОмакедонистикаМојсова-Чепишевскапариз
Next Post

Телата на 83 војници кои беа убиени во акција се вратени дома

Shortcut

Најново

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk