Украина денес се наоѓа во 397-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Политика
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ноќеска изјави дека завршувањето на војната во Украина веќе оваа година е заедничка задача на цивилизираниот свет.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека ќе ја повика Кина да постапи одговорно поради руската инвазија на Украина.
Фронт
Командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Александар Сирски изјави дека најинтензивната фаза од битката за Бахмут продолжува и дека ситуацијата е константно тешка.
Експлозија утрово го потресе привремено окупираниот град Мариупол. Наводно, еден од автомобилите на рускиот командант бил кренат во воздух.
Руските војници во изминатиот ден погодија најмалку 17 гранични населби во областите Харков, Купјанск и Чухуив во регионот Харкив.
Најмалку две лица загинаа, а 29 се повредени во денешните руски ракетни напади врз градот Славјанск во областа Донецк.
Русите го гранатираа Берислав во регионот Херсон, ја оштетија цивилната инфраструктура.
Подготви: А. Ристески