Изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија има намера да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија сигнализира дека рускиот лидер не ги добил посакуваните гаранции за време на неговата средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изјави ова во интервју за Асошиетед прес, пренесува Укринформ.
Зеленски посочи дека потегот на Путин имал за цел да го одвлече вниманието од недостатокот на гаранции што ги добил од Кина.
„Што значи тоа? Тоа значи дека посетата (на кинескиот водач на Москва) не беше добра за Русија“, рече тој.