РИБАРО
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски лут на својот пи-ар, јавуваат извори на АХА од белата палата.
„Ме оставате на цедило да се брукам! Додека Ковачевски вези официјални посети – го пречекуваат небаре претседател на Америка, па високи функционери од ЕУ, европски државници и што ти јас знам кој не дојде месецов во Македонија. Еве го сега се шета со Вучиќ и Брнабиќ низ Белград, па химни, гарди, чуда почести. А каде сум јас? Мене ме кријат по биртии, ми закажуваат средби во последен момент во некоја канцеларија во амбасада каде ме ругаат како прваче. Она – ме пеглаат како недоветен и неодговорен политичар. Јок ме прават! Се влечкам со градоначалничиња како бараба и тоа ми се дневните активности што ми ги смислуваат пиарџиите“, викал Мицкоски во белата палата на вмровците.
– За што плаќаме грдни пари за пи-ар? Па смислете мајку му стара некоја посета, еве нека биде пак кај Орбан, само да мрднам малку, срамота е. Ако ме нејќе ни Орбан, може и во Свирипичино. извадете нешто од репертоарот на Влатко Ѓорчев, барем толку можете, мољакал Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK