ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јавен дебата на ИДУЕП: Преговорите со ЕУ ќе бидат успешни само со вклучување на сите чинители во процесот

April 3, 2023 16:15
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Домашните, но и експертите на ЕУ по потекло од регионот, сакаат и имаат што да понудат како директна поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, а целиот процес треба искрено да се комуницира со цел сите да се чувствуваат вклучени од самиот почеток. Ова се заклучоците од денешниот јавен настан насловен „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“, организиран од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со YES Alumni, Програма поддржана од американскиот Стејт Департмент.

Директорот на Европската асоцијација на даночни советници со седиште во Брисел, Александар Ивановски, за време на дебатата рече дека е неопходно државата да ги стави во функција сите ресурси што и стојат на располагање на земјата, со цел да забрза процесот кој е во интерес на сите граѓани.

– Постојат експерти од земјава кои живеат и работат во ЕУ. Сите се на еден или друг начин македонски амбасадори во европските земји, односно во Европската Унија. Но, да се помогне во напорите за членство во ЕУ е нешто за кое сите треба да се вложиме и да ја дадеме нашата поддршка во процесот. Постои волја, има луѓе, има знаење и најважно од се добра и искрена намера да се помогне, посочи Ивановски.

Според Ивановски, членството во ЕУ треба да подразбира национален консензус помеѓу сите општествени чинители, а пред се политичките партии, особено со оглед на геополитичките состојби и воените закани по мирот и стабилноста на целиот европски континент.

Претседателот на ИДУЕП, Бојан Кордалов, истакна дека преговорите се во интерес на секој граѓанин и тие не се процес на една политичка партија или влада.

– Тоа го покажуваат сите искуства на земјите од регионот, кои изминативе декади се приклучија на Унијата. Сметаме дека во овој дел е неопходно градење на платформа која ќе биде натпартиска и национална, која ќе дава еднаква шанса за вклучување на секого, односно првенствено градење на инклузивна комуникациска стратегија и платформа во која секоја личност ќе се чувствува добредојдена, подвлече Кордалов.

Тој додаде дека работите од самиот старт може да се постават правилно само и првенствено со градење и спроведување на комуникација базирана на вклученост на сите заинтересирани страни, односно само со искрена и отворена комуникација на фактите, како и градење на транспарентна врска со медиумите.

Алумнистката на YES Програмата, Теодора Бошкова смета дека сите млади луѓе во земјава заслужуваат европска иднина и можности какви што имаат нивните врсници од ЕУ и посочи дека младите се столбот на секое општество, па затоа мора да бидат и најважната алка која е неопходно да биде целосно вклучена во носењето одлуки на секое ниво.

Tags: ЕУИДУЕП
Next Post

Ковачевски – Пирц Мусар: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, Северна Македонија има важна улога во европската стабилност

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk