ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српска листа и Белград без право на вето за изборите; судот во Хаг на Мустафа му одреди 207 илјади евра исплата на жртвите

April 7, 2023 11:51
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори на северот на Косово, од кабинетот на косовската претседателја Османи порачуваат дека Српска листа и официјален Белград нема да имаат право на вето за да ги спречат изборите. Специјалниот суд во Хаг донесе одлука, Салих Мустафа да ги обештети жртвите на незаконски убиства, самоволни притвори и тортура со 207 илјади евра.

Ова се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Газета Експрес: Српската листа и Белград нема да имаат право на вето за да ги спречат изборите на северот

Шефот на кабинетот на претседателката Вјоса Османи, Блерим Вела, рече дека Српска листа се изненадени  од бројот на граѓани на северот кои сакаат да ги претворат регистарските таблички во РКС. Тој вели дека дивите структури на север започнале кампања на терор, но дека според него изборите ќе се одржат според законите на Косово.

„Српската листа и Белград нема да имаат право на вето за да ги спречат изборите на север. Тие самите го направија овој проблем со своите оставки. Изборите ќе ги одржат институциите на Косово според законите на Косово“, пораша Вела, пренесе косовскиот медиум Газета Експрес.

Актуале -Специјален суд: Поранешниот лидер на ОВК Салих Мустафа на жртвите им должи 207 илјади евра

„Специјалниот суд во Хаг во четврток (6 април) донесе одлука, Салих Мустафа да ги обештети жртвите на незаконски убиства, самоволни притвори и тортура со 207 илјади евра. На 16 декември 2022 година, Мустафа беше осуден на 26 години затвор од Специјалниот суд, како обвинет за овие злосторства, кои, според судот, беа извршени во 1999 година, кога на Косово се водеше војна меѓу Ослободителната војска на Косово и српските сили.“, пренесе косовскиот медиум Актуале.

РТК -Османи: Имаме црвени линии за Зaедницата

„Косово има црвена линија за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, а тоа е дека нема извршни права, изјави косовската претседателка Вјоса Османи во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“. Таа рече дека ако Австрија побара здружение на Австријци на Косово, тоа нема да претставува проблем, но додаде дека тоа го бара држава која не го признава Косово.“, пренесе косовската РТК.

АЛБАНИЈА

Албеу: Досие „Грдеци“, се уважува скратеното судење  против Фатмир Медиу

“Специјалниот суд во Тирана одлучи да го прифати скратеното судење за случајот Гердец за поранешниот министер Фатмир Медиу.

Медиу е обвинет за кривично дело злоупотреба на службената должност и злоупотреба на службената должност сторено во соработка со воениот команден штаб.“, пренесе албанскиот дневник Албеу.

Балкан Веб – Аферата Мекгонигал/ Договор со Русија?! „Вашингтон тајмс“: Министерството за правда „ненамерно“ сокри докази

„Вашингтон Тајмс“ повторно го обрна вниманието на случајот со Чарлс Мекгонигал. Во неодамна објавената статија американските медиуми пренесуваат дека; „Министерството за правда призна дека „ненамерно“ сокрило докази од адвокатите на одбраната на поранешниот агент кој бил вклучен во истрагата за дослух меѓу Трамп и Русија и сега е обвинет за заговор со Русија со што ги прекршува американските санкции, пренесе Балкан Веб.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Ние, Западот и нашиот дом во Источна Европа

„Тоа се изразува во целиот начин на живот, во историјата и црковната историја, во обичаите и во популарната и уметничка поезија на албанскиот народ. Во оваа прилика треба да се истакне дека Албанија е повеќе ориентирана кон Запад отколку кон соседите“. Каде е Албанија географски? Без никакви грижи, мора да бидеме убедени дека географски сме во Источна Европа. Тирана е на истиот меридијан како Будимпешта и Краков. Иако самиот концепт на Источна Европа е малку комплициран, бидејќи ги вклучува и балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија, само што тие елегантно се избегнуваат и се сметаат за Северна Европа!“, извадок од колумната „ Ние, Западот и нашиот дом во Источна Европа“ од авторот Бен Андони, објавена во албанскиот медиум Јава Њуз.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: Албански емдиумирегион
Next Post

Мишчевиќ: Задача на Србија и Северна Македонија е да најдеме заеднички настап кон ЕУ

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk